рецепт за урнебес салата со изварка

Урнебес салата со изварка

Популарната и лесна урнебес салата нека се најде на вашето денешно мени! Често се случува да ја направиме за слави, имендени или други свечени трпези, а ја обожавме затоа што се приготвува многу брзо и лесно. Така, шансите да погрешите во нејзината подготовка се речиси нула.

Урнебес салатата е карактеристична за балканската кујна, а најчесто се приготвува во јужна Србија и Македонија. Се прави со сирење и лути пиперки, сол и други зачини. Во јужна Србија најчесто се прави со сечкани пиперки, а во Македонија и други краеви се приготвува со црвена пипер, која му ја дава убавата боја на салатата. Во зависност од вкусот може да биде малку или многу лута. Се служи како прилог со скара, а кај нас најчесто може да се најде во комбинација со свежа салата или ордевер.

урнебес салата

Состојки:

  • 150 гр полномасно сирење
  • 150 грама изварка
  • слатка или лута ситна црвена пипер
  • ситно сечкан лук или лук во прав (по вкус)
  • сол по вкус
  • маслинки или магдонос за декорација.

Подготовка:

  1. Сирењето изрендајте го или издробете го со виљушка и додајте го во поголем сад.
  2. Во садот додајте ја изварката и добро измешајте ги со лажица. Зачинете со црвена пипер, лук по желба и посолете по вкус. Повторно измешајте.
  3. Од смесата можете да направите солени бомбици, како декорација на салати со зеленчук или ордевери, или пак да ја користите како фил за солени корпици и кифлички.
  4. Салатата декорирајте со маслинки или листови магдонос. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Брза малиџано салата со урда.

Сподели: