уштипци од тиквички

Уштипци од тиквички и урда

Катерина ни припреми уште еден лесен, вегетаријански и едноставен рецепт за уштипци од тиквички и урда, кој сигурно ќе се најде на вашата трпеза. Одлична комбинација на состојки, која ќе го задоволи сечиј вкус!

Тиквичките се нискокалорични, богати се со растителни влакна и се препорачуваат при диети, за исхрана на лица кои имаат проблеми со кардиоваскуларниот систем и дијабетес. Изварката е богата со протеини и калциум.

уштипци од тиквички

Состојки:

  • 1 помала тиквичка
  • 100 гр рикота (во замена може да користите изварка/урда)
  • 150 гр брашно
  • 4 лажици пармезан
  • 1 јајце
  • 1 мала лажичка прашок за печиво
  • по потреба млеко
  • прстофат сол
  • малку црн пиер

Подготовка:

  1. Тиквичката изрендајте ја.
  2. Јајцето ставете го во сад за матење и изматете го со миксер.
  3. Во чинија ставете го брашното и прашокот за печиво. Измешајте ги и додајте ги во садот со јајцето.
  4. Потоа во садот додајте ги пармезанот, рикотата, посолете по вкус и наросете мелен црн пипер. Смесата во садот изматете ја со жица за матење.
  5. Во садот додајте ја и ренданата тиквичка. Доколку добиената смеса е многу густа, по потреба додајте млеко.
  6. Во нелеплива тава на оган ставете масло да се загрее. Со лажица земајте од смесата и пржете во загреано масло.
  7. Испржените уштипци од тиквички и урда извадете ги на кујнска хартија за да се впие вишокот на масло.
  8. Ушипците послужете ги топли.

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигоровска

Сподели: