Факти и совети кои е неопходно да ги знаеме за маслиновото масло 1

Факти и совети кои е неопходно да ги знаеме за маслиновото масло ако сакаме да го извлечеме максимумот од него!

Маслиновото масло е здрава намирница која е ценета заради фантастичниот вкус и квалитет, па секогаш треба да го имате при рака! Ни беше инспирација за тематско истражување и препорачуваме да прочитате што подетално дознавме. Независно дали ќе го користите во исхраната или за нега на вашата кожа и коса, треба да знаете како да го изберете за да биде со најдобар квалитет, па да може да го даде својот максимум за вас. За специфичното и доста осетливо маслиново масло, исто така треба да знаеме правилно да го чуваме за да не се расипи и да го извлечеме најдоброто од него. Како што забележувате, има многу информации кои може да се корисни за сите нас, па да започнеме со дел од нив!

Може да ве интересира: Која е разликата меѓу ладно цедените масла и рафинираните масла?

Факти и совети кои е неопходно да ги знаеме за маслиновото масло 2

4 факти во корист на здравјето и убавината

  • Mаслиновото масло претставува одлична намирница која го нормализира нивото на ХДЛ И ЛДЛ холестеролот. Тоа поволно делува во намалување на нивото на т.н. лош холестерол и намалување на нивото на вкупниот холестерол во крвта.
  • Делува како мелем за желудникот кај лица кои патат од чир или гастритис. Исто така е моќно средство кое спречува настанување на жолчни камења, спречува масна дегенерација на црниот дроб кај лица кои патат од цироза и овозможува одлична превенција од настанување на дијабетес мелитус тип 2.
  • Неодамнешните испитувања кои се направени докажуваат дека состојките од маслиновото масло го потиснуваат создавањето на брчките. Тоа ја штити кожата, така што ги обновува сите елементи потребни за нејзина младост и цврстина.
  • Ако сакате да имате коса полна со живот и скалп без првут искористете го маслиновото масло. Тоа може да биде вашето најмоќно природно средство во борбата со сувиот скалп. Несомнено е дека состојките од маслиновото масло значително го спречуваат и опаѓањето на косата, а воедно го забрзуваат нејзиниот раст за неколку сантиметри месечно.
  • Ако сте на рестриктивна диета или сакате да се храните здраво, маслиновото масло е ваш сојузник во таа цел. Овој природен еликсир го забрзува метаболизмот и го поттикнува согорувањето на маснотиите, а ја подобрува апсорпцијата на храната во дигестивниот тракт. Исто така, ја забрзува перисталтиката на цревата и нивното празнење со што го подобрува прочистувањето на организмот. Сето тоа ви дава исклучителна виталност и енергија за живот.

Како е најдобро да се користи?

Маслиновото масло е еден од најздравите додатоци во салатите. Нутриционистите најчесто препорачуваат да се користи во комбинација со свежа храна, на пример во салати, а помалку да се употребува за приготвување на пржени јадења. Многу убаво се вклопува и како зачин за тестенини и различни сосови.

Како треба да се чува за да се одржи неговата исправност и квалитет?

Маслиновото масло чувајте го на темно и ладно место. Топлината и светлината влијаат негативно на неговиот квалитет и придонесуваат за оксидација на маслото. Ако го држите на светло и топло место лесно може да се расипи. Затоа се препорачува да го чуваате во полица подалеку од радијатори и други топлотни тела. А, доколку купите поголеми залихи ставете ги во подрумот кој е идеално место за чување на маслиновото масло.

Квалитетното и екстра девственото маслиново масло не е препорачливо да го чувате во фрижидер, затоа што ќе го изгуби својот вкус. Квалитетните и екстра девствените маслинови масла имаат рок на траење од 1 година, додека оние со послаб квалитет траат само неколку месеци. Ако сакате да набавите маслиново масло со проверен квалитет, дефинитивно ви го препорачуваме маслото на Фила, кое го има во различна амбалажа и тоа шише од 250 мл – 100% екстрадевственото маслиново масло, а исто така имате и амбалажа на маслиново масло од 1000 мл, прикажано и на фотографијата во прилог. Нив можете да ги набавите од онлајн продавницата на Фила или пак од сите поголеми маркети.

Препорачана температура за чување на маслиново масло е 14 степени. Доколку го сместите во темно шише кое не пропушта светлост, може да стои и на собна температура (до 21 степен), а исто така ќе има подолг рок на траење.

Во однос на материјалот на садот за складирање, препорачлив е и нерѓосувачкиот челик како избор за амбалажа. Избегнувајте да го чувате маслиновото масло во пластика, железни и бакарни садови, поради можни хемиски реакции од кои маслото може да ја измени својата состојба.

Ви препорачуваме да прочитате: Ладно цедено сусамово масло за неутрализација на слободните радикали и нега на сува и чувствителна кожа.

Сподели: