Фанурија - колачот од 9 состојки за исполнување на желба.

Фанурија – колачот кој исполнува желба

Фанурија е лепче кое се меси првенствено за исполнување на желба, а исто така и за радост, за убави нешта во животот на оној кој го прави и неговото семејство. Многумина споделија со нас дека им се исполнители желбите, пробајте и вие, никогаш не се знае каде е среќата! 

Свети Фануриј е славен великомаченик кој се празнува на 9-ти Септември и за кој се верува дека помага во исполнување на желбите на луѓето. По тој повод верниците замесуваат колач од 9 состојки. Обичај е ова лепче на кое е ставена свеќа, заедно со малку црвено вино да се носи во црква и да биде благословено и пеено од поп. Откога лепчето е благословено се крши со раце и се раздава со добра мисла на останатите верници во црквата, во домот, на пријателите и слично. Карактеристично е што додека се меси лепчето личноста која го меси се моли за благодет, среќа и мир во семејството, а потоа си замислува желба.

Испробан рецепт за Фанурија

Состојки: 

  • 700 гр брашно
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 100 гр суво грозје
  • 250 грама шеќер
  • 1 филџанче масло
  • 1/2 лажица сода бикарбона
  • 1 лажица сол
  • 1 квасец
  • млака вода по потреба.

Подготовка:

  1. Се замесуваат сите состојки заедно и се формира колач.
  2. Се печи на 200 степени додека не добие убава боја.

Нека е на здравје и нека ви се исполне желбата!

Фанурија - колачот од 9 состојки за исполнување на желба

Сподели: