феферони

Феферони во тегли

Со пица, пастрмалија или печени компири со месо, киселите феферони одлично одговараат и го збогатуваат вкусот. Сега може дома да направите феферони во тегли за зимница и да уживате во нивниот вкус преку зимата. Рецептот за феферони во тегли ни го испрати нашата читателка Вера, не содржи конзерванси, па е одлична гурманска зимница која вреди да се проба.

Некои истражувања потврдиле дека лутите феферони помагаат за намалување на телесната тежина, благодарение на состојката капсаицин, која му помага на телото да ги согори вишокот на калории, а се смета дека има позитивен ефект при канцерогени заболувања, превенција на настинки, срцев и мозочен удар.

феферони

Состојки:

  • 500 грама феферони
  • 500 мл оцетна киселина
  • 500 мл вода
  • 4 лажици шеќер
  • 2 лажици сол.

Подготовка:

  1. Фефероните се мијат убаво, се сушат и им се потсекуваат дршките. Потоа со игла се боцнуваат за да може во нив да влезе течност.
  2. Во тенџере на оган на средна температура ставете ја водата, киселината, шеќерот и солта. Измешајте и оставете течноста да зоврие. Потоа, во тенџерето ставете ги фефероните и варете ги 2 минути.
  3. Фефероните извадете ги од тенџерето и наредете ги во суви, претходно стерилизирани ладни тегли. Во теглите, турете ја течноста во која се вареа фефероните и ставете пластична мрежа за да не испливаат фефероните. Теглите со феферони херметички затворете ги и ставете ги кон преостаната зимница.

Сподели: