konkurs na fotografii

Фото конкурс и изложба на фотографии „Здрави креации во твојата чинија“

Сè за храна распишува конкурс за изложба на фотографии на тема „Здрави креации во твојата чинија“.  Целта на изложбата е да ја подигне свеста на населението за значењето на здравата храна, а најдобрите три фотографии ќе бидат наградени.

Услови кои треба да бидат исполнети

  • Фотографиите треба да содржат мотиви од здрава храна, било да е приготвена, свежа или употребена на креативен начин.
  • Секој учесник може да прати најмногу 5 фотографии, а стручното жири ќе направи селекција кои ќе бидат избрани за изложбата.
  • На фотографиите да нема потписи, логоа или текст.
  • Резолуцијата да им биде минимално 2000px и да биде доставена „landscape“.
  • Фотографијата да биде авторско дело на испраќачот.
  • Конкурсот ќе биде отворен до 02.07.2017 година, а право на учество имаат сите вљубеници во фотографијата, сите аматери и професионалци.
конкурс за изложба на фотографии

Изложбата на избраните фотографии ќе се одржи во среда, на 05.07.2017 година, во КЦ Магаза Битола, со почеток од 19:00 часот, како дел од прорамата на Битфест 2017.

Организаторот го презема трошокот за изработка на фотографиите, а изложените фотографии од изложбата, со наведени автори, ќе бидат објавени и на сајтот sezahrana.mk.

Вашите фотографии испратете ги на info@sezahrana.mk  или  sezahrana@gmail.com, најкасно до 02.07.2017 година, со наслов на фотографијата и назнака „За фото конкурс – Здрави креации во твојата чинија“.

Ви предлагаме да прочитате: Сѐ за храна ве поканува на креативната работилница „Со боите на храната креираме уметност“.

Сподели: