печен леб со кашкавал и зачини

Француски багет со кашкавал и зачини

Уживање за сите генерации! Ако ви останал багет од минатиот ден, направете лесен гурмански специјалитет. За малку време добијте крцкав багет со кашкавал и зачини.

Ви се пријаде нешто калорично, а немате желба за готвење и поминување драгоцено време во кујната? Ова е совршениот рецепт за вас. Сосема едноставен, од само неколку основни состојки, ова е рецептот со кој во никој случај не можете да погрешите.

багет со кашкавал

Состојки:

  • 1 француски багет (леб)
  • 1 чешне лук, ситно сечкано
  • 100 грама путер
  • 1/3 чаша рендан кашкавал
  • 3 лажици свежи зачини, ситно сечкани (магдонос и рузмарин).

Подготовка:

  1. Рерната загрејте ја на 180 степени.
  2. Со помош на нож, засечете го францускиот багет на неколку места.
  3. Лукот и зачините ситно исечкајте ги.
  4. Во сад ставете го омекнатиот путер, ренданиот кашкавал, ситно сечканите зачини и лукот. Измешајте ги убаво за да се добие хомогена смеса.
  5. Во засечените парчиња од лебот ставете од смесата со зачини и путер.
  6. Багетот свиткајте го со алуминиумска фолија и ставете го да се пече во загреаната рерна за време од 15 минути.
  7. Печениот француски багет со кашкавал и зачини послужете го веднаш. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Крцкав леб со кашкавал.

Сподели: