француско темно топло чоколадо

Француско темно топло чоколадо

Вкусете го француското темно топло чоколадо во вашиот дом! Со овој рецепт може да направите топло чоколадо кои има сличен вкус како она што се наоѓа во Париските кафулиња. Интензивен, богат вкус за сите љубители на чоколадо.

Рецептот ни доаѓа на предлог на едно многу популарно кафуле од Париз. Од наведените состојки ќе добиете 2 големи чаши на топло чоколадо. Потребното време за подготовка е околу 8 минути.

темно топло чоколадо

Состојки:

  • 1 ½ чаша млеко
  • ½ чаша слатка павлака
  • 2 мали лажици шеќер во прав
  • ½ мала лажичка еспресо во прав по желба (ќе го засили вкусот на чоколадото)
  • 225 грама сечкано темно чоколадо со најмалку 70% какао
  • матена слатка павлака за сервирање
  • бадеми по желба за декорација.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган, на умерена температура измешајте го млекото, слатката павлака, шеќерот во прав и еспресото. Мешајте ги додека забележите дека се формираат мали топчиња по краевите. Внимателно мешајте, за да не зоврие течноста.
  2. Тенџерето тргнете го од огнот и додајте го сечканото чоколадо. Мешајте додека чоколадото се растопи. Доколку е потребно, тенџерето кратко вратете го на огнот, за целосно да се растопи.
  3. Француското темно топло чоколадо, послужете го топло, сервирано со многу слатка павлака и бадеми по желба. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Топло чоколадо со црвено вино и шлаг.

Сподели: