ф'стаци - јаткасто овошје

Ф’стаци – со антиоксиданси и без холестерол

Што се однесува до хранливата вредност на превкусните ф’стаци, може само да се потврди дека добрите работи доаѓаат во мало пакување. Околу 50 ф’стаци содржат изобилство од витамини, минерали и други нутриенти (материи) кои му се потребни на телото да функционира и да остане здраво. И сето тоа е еднакво на само 160 калории.

ф'стаци - јаткасто овошје

50 ф’стаци обезбедуваат:

  • Повеќе растителни влакна (3 грама) од 1/2 шолја готвена брокула
  • Содржат 6 грама протеини, а тоа е исто колку и соините зрна
  • Содржат добри масти, 7 грама на мононезаситени и 4 грама на полинезаситени масти, што придонесува кон здравјето на срцето
  • Имаат помалку од 2 грама заситени масти
  • Содржат фитостероли чиј недостаток доведува до зголемен ризик од срцеви заболувања
  • Калиум во количина на половина поголема банана
  • Витамин Б6
  • Бакар
  • Тиамин (витамин Б1)
  • Фосфор
  • Магнезиум
  • Нема холестерол
  • Нема транс масни киселини.

Ф’стаците исто така имаат и поголема антиоксидантна моќ од 100 грама боровинки, лукот и сокот од цитрон. Лутеинот кој се наоѓа во зелените и жолтите зеленчуци, исто така се наоѓа и во ф’стаците. Претставува антиоксидант кој е многу истражуван од научниците и е прокламиран дека го поддржува здравјето, а ф’стаците го имаат повеќе од било кое јаткасто овошје.

Сподели: