Храна која прави да се чувствуваме уште погладни

Ако имате проблеми со телесната тежина и не можете да најдете начин да го намалите гладот, тогаш сте ја отвориле вистинската страница. Можеби оваа листа на храна која прави да се чувствуваме уште погладни го крие решението за вашиот проблем.

„Гладот е резултат на многу сложени интеракции кои се одвиваат во желудникот, цревата, мозокот, панкреасот и крвотокот“ – вели д-р Сју Декотис. Таа објаснува дека навистина постои храна која прави да се чувствуваме погладно.

Еве кои се намирниците кои ги зголемуваат гладот, а со тоа негативно влијаат врз посакуваната фигура на телото.

Пица

Ретко на кого му е доволно едно парче пица и притоа да не посака повеќе. Пицата најчесто се прави од бело брашно, хидрогенизирани масла, преработени кашкавали… Намирниците кои се користат ги збунуваат деловите на мозокот кои се задолжени за регулирање на гладот. Здраво решение: домашна пица од интегрално брашно, многу зеленчук и мала количина на сирење и месо.

храна која прави да се чувствуваме погладни

Бел леб

Една интересна студија спроведена во Шпанија покажала дека луѓето кои консумираат две или повеќе парчиња бел леб имаат околу 40 проценти поголеми предиспозиции за прејадување. Белото брашно кое се користи за правење на леб ја нема надворешната лушпа на житарките, која е заслужна за чувството на заситеност, вели доктор Декотис. Затоа секогаш предност дајте му на интегралниот леб.

Сокови

Добро е познато дека поголемиот дел од купените сокови, дури и оние кои се рекламираат како здрави и природни, се преполни со шеќер и без многу хранливи материи како на пример хранливи влакна. После пиењето ваков пијалак ќе се чувствуваме само погладни, објаснува Митзи Дулан, која е авторка на неколку книги за диета и здрава исхрана. Најдобро е сами да пригответе вкусен, густ, кашест сок – смуди од свежо овошје, во кое може да додадете кесичка протеински прав или пак масло од орев за зголемување на чувството на ситост.

Чипс и други солени грицки

Се сложуваме дека е многу тешко да му одолеете на солениот чипс, но токму оваа храна нè тера да посегнуваме по уште. Нутриционистите советуваат дека после оваа солена калорична бомба ќе посегнеме по нешто благо за да воспоставиме рамнотежа во организмот. Со поедноставни зборови, кога со сласт ќе изедете полна кесичка чипс, во организмот се создава чувство на „сега сум полн/а со солено“, време е „за благо“. Здраво решение: наместо чипс направете си домашни пуканки.

Брза храна

На сите ни е познато дека треба да ја избегнуваме брзата храна. Синџирите за брза храна сè почесто на своето мини ставаат оброци кои ги означуваат како здрави. Но, внимателно – овие ресторани се смислени со цел за да посакате да изедете повеќе отколку што ви е потребно. Сè е така дизајнирано за да ги умртви вашите сензори за контрола на апетитот.

Алкохол

Тука нема што да се објаснува – алкохолот прави да се чувствуваме погладно! Алкохолот го смалува нивото на лептин кој влијае на слабеењето. Луѓето кои имаат недостаток на лептин не можат брзо да ги изгубат килограмите.

Тестенини од бело брашно

Тоа што важи за белиот леб, важи и за тестенините од бело брашно. Исто така, тестенините во комбинација со вкусни сосови ќе направат да посакате повеќе. После внесувањето на голема количина јаглехидрати, панкреасот нема да може да произведе доволно инсулин.

Вештачки засладувачи

Вештачките засладувачи му праќаат порака на нашиот мозок дека стигнува шеќер, а тоа ја зголемува желбата за повеќе шеќер. Затоа следниот пат добро размислете дали ќе ставите вештачки засладувач во вашето кафе. Здраво решение: кафето или чајот засладете го со мед, стевиа, јаворов или сируп од агаве.

Ви предлагаме да прочитате: 5 карактеристики на емоционалниот глад: Дали сте навистина гладни или јадете од што ви е досадно?

Сподели: