Хранлива маска против опаѓање на косата 1

Хранлива маска против опаѓање на косата и за нејзина заштита, од 3 состојки

Промените на времето и тоа како влијаат на здравјето и убавината на косата. Така, изложеноста на косата на студеното време, ветерот и ниските температури ја исушуваат и го поттикнуваат нејзиното опаѓање. Слично реагира косата и во летните услови, кога сонцето е многу силно и е изложена на надворешното влијае на топлината. Затоа, неопходно е редовно да се негува. Бидејќи ние ја обожаваме природната нега, ви предлагаме домашна хранлива маска против опаѓање на косата.

Се прави лесно, со помош на квасец, мед и млеко. Извојте малку време и нахранете ја и заштитете ја косата.

Хранлива маска против опаѓање на косата 2

Состојки:

  • 20 гр свеж квасец
  • 1 лажичка природен мед
  • малку топло млеко по потреба.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Најпрво соединете ги медот и топлото млеко додека медот убаво се растопи и се соединат.
  2. Потоа додајте го квасецот, повторно промешајте и оставете го околу 20 минути за да нарасне.
  3. Косата треба да е претходно измиена и влажна, за да може да ја нанесете маската. Кога маската е готова, започнете со нанесување од кореност кон врвовите. Откако добро ќе ја измачкате целата коса, завиткајте ја со најлонска ќеса, па со крпа за да го олесните апсорбирањето на хранливите состојки.
  4. Косата треба да стои со маската најмалку 1 час, а потоа да се исплакне. Пожелба нанесете регенератор или балсам на врвовите и повторно исплакнете. Доколку имате проблем со опаѓање на косата, хранете ја косата 2 пати неделно, а во случај на превенција и негување доволно е да ја нанесувате еднаш неделно.

Ви препорачуваме да прочитате: Најстар лек против опаѓање на косата и за раст на нови влакна.

Сподели: