Хранлив состав и начини на подготовка на црвената леќа

Леќата секако ни е познато растение на сите нас и веројатно не ретко ја употребуваме во нашата исхрана, но сепак кај нас најчесто употребувана е кафеаво зелената леќа, додека црвената леќа сеуште не е толку популарна. Сите сорти на леќа се многу здрави намирници, но сепак добро е да внесете разновидни намирници во вашата исхрана  понекогаш зелената леќа да ја заменете со црвена леќа. Во продолжение прочитајте неколку идеи за подготовка на црвената леќа и за нејзината нутритивна вредност.

Хранлив состав на црвената леќа

Една од најзначајните карактеристики и е тоа што црвената леќа е еден од најдобрите извори на растителни протеини и растителни влакна, а тоа ја прави важна намирница која треба да биде застапена во вашата исхрана, а особено се препорачува за вегетаријанци и вегани. Покрај тоа, таа е богат извор на: минерали, витамини, сложени јаглехидрати, а притоа содржи мало количество на масти и не е висококалорична храна. Една шолја сварена леќа содржи околу 230Ккал, а сепак ве држи сити и ви ги дава сите потребни микро и макронутриенти. Подеталниот хранлив состав на црвената леќа е следниот:

Нутритивна вредност на 100 грама несварена црвена леќа

  • Калории: 345 Ккал (17% од дневните потреби)
  • Протеини: 24,9 грама (50% од дневните потреби)
  • Влакна: 10,8 грама (43% од дневните потреби)
  • Тиамин: 0,5 мг (34% од дневните потреби)
  • Фолна киселина: 204 микрограма (51% од дневните потреби)
  • Витамин В6: 0,4 микрограма (20% од дневните потреби)
  • Железо: 7,6 милиграма (42% од дневните потреби)
  • Бакар: 1,3 милиграма (65% од дневните потреби)
  • Манган: 1,4 милиграма (71% од дневните потреби).
придобивки од црвена леќа

Начини на подготовка на црвената леќа

Црвената леќа можете да ја подготвите на сосема ист начин како и зелената леќа со тоа што црвената леќа се вари 15-20 минути и притоа зрната скоро целосно се распаѓаат па се добива смеса слична на каша. Вкусот на црвената леќа е сличен на зелената леќа и покрај нивниот различен изглед.

Можете да направите вкусни ќофтиња од леќа, ако ја измешате сварената и изблендирана или испасирана леќа со други состојки по ваш избор, по што ќофтињата можете и да ги испечете наместо да ги испржете, па така ќе добиете здрав и брз оброк, богат со протеини.

Леќата може да се додаде во разни свежи салати, во супи или чорби од зеленчук.

Автор: Маја Велковска.

Ви предлагаме да прочитате: 7 причини да вклучите црвена леќа во исхраната.

Сподели: