црници - бела црница - црна црница

Црница – природна реткост и лек

Постојат црни, црвени и бели црници кои што иако донекаде се разликуваат по вкус и лековити својства, сите се многу здрави. Црницата во денешно време претставува недоволно познато и се помалку популарно овошје помеѓу луѓето што е потполно неоправдано, не само затоа што е премногу хранливо овошје туку е и многу лековито.

Плодовите од црницата содржат слободни органски киселини (лимонска и јаболкова), витамините Ц, Б, К, А и Е, железо, калиум, манган и магнезиум, пектини како и многу други корисни материи. Исто така содржат и голема количина на антиоксиданси антоцијани. Голем број на стручни лица тврдат дека црницата заслужува да биде наречена „суперхрана“, затоа што го спречува стареењето на организмот и помага во лекување на многу болести. За лекувањето на болести од црницата се користат: плодовите, листовите и кората.

Црната црница во народната медицина е позната како овошје кое има повеќе примени и тоа: се користи против воспаление на мочните патишта, за болести на усната шуплина и грлото, епилепсија, депресија, несоница, вртоглавица како и против каснување од инсекти и змии. Свежи, недозреани плодови од црница се користат против пролив, а додека зрелите плодови се користат како благ лаксатив (средство за прочистување на цревата). Сокот од црница е добар за полесно искашлување, потење, мокрење како и за прочистување на устата и грлото во случај на воспаление. Лист од црна црница е познат народен лек за снижување и регулација на шеќерот во крвта, па често се користи како мешавина во чаеви за дијабетес.

Белата црница во традиционалната медицина се користи слично како и црната црница. Белата црница забележано е дека делува кај артритис, очни болести, при општа слабост на организмот и за опуштање на нервниот систем. Доколку сте во можност јадете и од двата видови на црница (црна и бела) затоа што од нив може да имате само голем број на здравствени придобивки. Белата црница има примена и во козметиката. Се најдува во составот на многу козметички препарати за белеење на кожата, отстранување на  дамки и пеги затоа што содржи инхибитори кои го намалуваат производството на меланин, а исто така се употребува во производство на препарати против стареење на кожата, за третман на кожата околу очите, тонирање и чистење на лицето.

црници - бела црница - црна црница

Кората на црницата е исто така лековита. Од многу одамна се користи како лек против цревни паразити, особено тении. Кората од коренот на црницата лечи болести на цревата, желудникот, депресија, а исто така помага при појава на труење со храна, алкохол и печурки. Правот добиен од кората од коренот на црницата се употребува во облик на мелем за брзо зараснување на рани, а чајот од кората помага при регулација на високиот крвен притисок.

Плодовите од црница и кората се собираат од мај до август, а додека листовите во пролет. Дрвото не го напаѓаат никакви паразити ни болести, па така да плодот со ништо не се загадува. Плодовите можат да се јадат свежи или сушени. Во кулинарството црницата се користи исто како и другите видови на овошје, па може да направите сок, џем, сладолед, сос, како и за припрема на голем број на десерти и колачи.

 

Сподели: