црни сливи

Црни сливи – природен извор на антиоксиданси

За црните сливи се вели дека се вистински природни мултивитамини кои го штитат здравјето и го подобруваат варењето на храната. Ако сакате да ја намалите телесната тежина, да изгледате подмладено и свежо, вкусните црни сливи се правиот избор за вас.

Свежите и сочни црни сливи се ниско калорични овошки – само 46 калории во 100 грама, а се богати со витамини и минерали кои го подобруваат здравјето. Тие содржат растителните влакна, сорбитол и исатин кои се познати како помагачи и регулатори на работата на дигестивниот систем, а со тоа превенираат појава на запек.

Вкупната антиоксидативна моќ на црните сливи мерена според ORAC (Oxygen radical absorbance capacity), односно оксидативниот капацитет за апсорпција на слободни радикали е 6259 µmol TE/100 g, а тоа покажува дека овие овошки се на врвот на листата на храни кои се богати со антиоксиданси. Консумирањето на храна богата со антиоксиданси, влијае за неутрализација на слободните радикали кои се значаен фактор за развивањето на артериосклероза, разни видови рак, појава на срцеви заболувања, Алцхајмерова и Паркинсонова болест и многу други хронични болести. Токму затоа, антиоксидансите се незаменливи во заштитата на телото од овие болести.

црни сливи

Црните сливи содржат витамин Ц која му помага на организмот да се бори против инфекции, воспаленија и го зајакнува имуниот систем. Свежите сливи се богати со витамин А и бета каротен кои се есенцијални за здравјето на очите и добар вид, а исто така се потребни за одржување на здравјето на мукозните мембрани и кожата. Консумирањето на природни и свежи овошки богати со витамин А придонесува за заштита од канцер на оралната празнина и белите дробови.

Сувите сливи исто така се одлични промотори на здравјето поради флавоноидите и полифенолите во својот состав, антиоксидансите како што е лутеинот, криптоксантин и зеа-ксантин кои ги има во значајни количини. Сите овие состојки помагаат во деактивирање на слободните радикали и играат значајна улога во забавување на процесот на стареење и делуваат како УВ филтери за очите.

Овие овошки изобилуваат со минерали како што се калиум – важна состојка за функцијата на келтките и телесните течности, кој ја помага регулацијата на срцевата работа и крниот притисок, минералот флуор и големи количини на железо, потребно за создавање на црвени крвни клетки.

Доволно причини за да уживате во вкусните, сочни и свежи црни сливи!

Сподели: