Откријте кои чаеви помагаат за убава и негувана кожа на лицето.

Чаеви за убава и негувана кожа на лицето

Постојат чаеви кои се корисни и делуваат врз здравјето и убавината на нашата кожа. Сите ние многу пати сме се увериле дека консумирањето на разни чаеви одлично му годи на нашето здравје, а сега ви презентираме кои чаеви се одлични за лицето и прекрасна негувана кожа. Во таков случај шминка не ви е потребна!

Но, стресот и нарушеното лачење на маснотии во пределот на лицето може да ја уништат кожата. Долгорочното решение не е секогаш во користењето на скапи кремови и препарати кои се нудат на пазарот. На кожата и е потребен природен баланс и детоксикација на организмот, а во тоа може да помогне терапијата со природни чаеви.

Камилица и шипинка

Чаевите од камилица и шипинка кои скоро сите од нас ги имаме во нашите кујни имаат многу добар ефект врз нашата кожа. Чајот од камилица може да се пие секој ден, а покрај тоа може да се нанеси на чиста кожа на лицето, бидејќи дејствува како тоник, ја смирува кожата и ги ублажува потечените очи. Добро би било да го помешате чај од лаванда и рузмарин, и да го нанесете на лицето. Шипинката е полна со витамин Ц, кој е од суштинско значење за имунитетот, но исто така и за здравјето на кожата.

Црвена детелина

Чајот од цветовите од црвената детелина може да се најде во разни мешавини на чаеви за детоксикација. Го прочистува организмот и воспоставува баланс, а исто така, ја прочистува крвта. Има сладок и нежен вкус. Можете да го комбинирате со нане и да го засладите со една лажичка мед. Напомена: Овој чај не смеете да го употребувате доколку сте бремени или пиете лекови против згрутчување на крвта.

Откријте кои чаеви помагаат за убава и негувана кожа на лицето

Корен од чичок, глуварче и ѓумбир

Меѓу коренестите билки, на прво место се издвојуваат корените од чичок, глуварче и ѓумбир. Чајот направен од корен од чичок е одличен против појава на акни. За да ги забележите резултатите потребно е да помине подолго време, но вреди да се проба. Обидете се барем неколку пати неделно да го пиете овај чај во период од неколку месеци, а резултатот ќе биде одличен. Чајот направен од корен од глуварче е добра замена за кафе. За да направите вкусен пијалак кој ќе ви помогне во елиминација на токсините, во чајот додадете малку мед и кокосово млеко.

За најдобар ефект врз кожата, може да се комбинираат корен од чичок и корен од глуварче. Измешајте по една лажичка од секој чај и прелијте со една чаша врела вода. Оставете да стои околу 10 минути, а потоа процедете го и испиете го чајот. Ѓумбирот е познат како чистач на организмот и го подобрува варењето на храната. Со отстранувањето на токсините од телото помага и во подмладување на кожата.

Овесна слама и зелен чај

Чајот направен од овесни слама се смета за еден од најдобрите пијалаци кои допринесуваат за убава кожа. Поради тоа што содржи витамини Б, А и Ц, тој е одличен за смирување, за намалување на стресот и слично. Се препорачува за оние кои се постари од 30 години и кои имаат акни. Со редовна консумација на овај чај пред спиење, се добива ефект на мазна и подмладена кожа. Добро би било да се комбинира со зелен чај, кој е познат по своите антиоксидативни својства. Изберете одредени чаеви или направете комбинација која ви се допаѓа најмногу и пиете секој ден барем по една чаша. Со тоа ќе се ослободите од токсините, а вашата кожа ќе блесне. И се разбира, не заборавајте да внесувате многу вода во текот на денот.

Сподели: