Чамци од тиквички со зеленчук 1

Чамци од тиквички со зеленчук

Супер на лик, здраво за јадење, вегетаријанско и многу вкусно! Често подготвуваме слични рецепти, а овој пат се одлучивме за свежиот вкус на симпатичните чамци од тиквички со зеленчук.

Летото е одлично затоа што нуди безброј можности за кулинарска креативност. Пробајте и вие нешто поразлично.

Чамци од тиквички со зеленчук 2

Состојки:

  • 3-4 млади тиквички
  • 400 гр шампињони
  • 1 шолја ориз
  • 1 главица кромид
  • 2 моркови
  • 2 чешниња лук
  • сол и црн пипер по потреба
  • 1 чаша бело вино
  • неколку кришки кашкавал
  • неколку црни маслинки по вкус
  • магдонос или босилен по желба.

Подготовка:

  1. Тиквичките измијте ги и пресечете ги на половина по должина и издлабете ја средината.
  2. Во тава со малку масло пропржете го ситно сечканиот кромид, лукот, морковите исечкани на коцки, исечканите шампињони, средината од длабењето на тиквичката и оризот. Посолете и зачинете со црн пипер по вкус.
  3. Турете вода по потреба и додајте во белото вино.
  4. Гответе на тивка температура околу 10 минути додека испари вишокот од течноста.
  5. Тиквичките наполнете ги со подготвениот фил и наредете ги во плех за печење. Во плехот турете малку вода, а најгоре на тиквичките наредете кругови маслинка без коска и од кришките кашкавал. Ставете да се печи во претходно загреана рерна за време од 15 до 20 минути, додека кашкавалот се стопи.
  6. Свежиот магдонос или босилек ситно исечкајте ги и поросете со нив. Јадењето добро одговара со свежи или малку продинстани доматчиња, па препорачуваме да послужите така. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Полнети тиквички со зеленчук (посно јадење).

Сподели: