Чај од липа против нервоза и стрес

Липата е листопадно дрво со широка крошна, висока до 25 метри и најчесто цвета во јуни. Кај многу народи, топлиот чај од липа се користи како лек за многу здравствени проблеми. Како што кажува легендата, зраците на сонцето се во цветовите на липата, па затоа по испиениот чај од липа, сонцето влегува во нашиот организам. За липата е познато дека е најдобриот борец против стресот.

Како треба да се бере и чува липата?

Липата се бери штом започне да цвета. Прецветаната липа нема никаква вредност. Секако, треба да се бери кога времето е убаво. Цветовите на липата имаат благ и пријатен мирис. Свежо собраните цветови најдобро е да се сушат на таван, односно на суво место кои е доволно осветлено.

чај од липа

Лековити придобивки од консумирањето на чај од липа

Чаевите се најдобри природни лекови кои имаат секојдневна употреба. Од дамнина цветовите на липата се користат за релаксирање на нервниот систем. Консумацијата не е ограничена по возраст, па чајот може да го пијат и децата. Чајот од липа го поттикнува потењето, па се препорачува за намалување на температурата. Исто така, чајот од липата е ефикасен против:

  • настинка
  • грип
  • проблеми со дишните патишта
  • температура
  • ја ублажува кашлицата
  • против грчеви
  • за смирување.

Познато е дека жените за време на менопауза пијат чај од липа, затоа што ја намалува нервозата и го подобрува сонот. Бидејќи стресот е секојдневен, чајот од липа може да го додадете и во својата купка. Тоа ќе ве релаксира. Липата се користи и за изработка на козметички производи.

Кафе или чај од липа?

Кафето се консумира секој ден. Ако пиете многу кафе во текот на денот, пробајте да го замените со чај од липа и ќе почувствувате разлика. Не е здраво да пиете голема количина на кафе на ден, особено доколку не внесувате доволно течности во организмот. Ако не водите сметка за тоа, може да дојде до последици, поготово по здравјето на бубрезите. Но, ако не можете да се откажете од кафето, потрудете се секој ден, по станувањето да испиете по една чаша вода.

Подготовка на чајот од липа

Правилната подготовка на чајот од липа се прави така што, една до две мали лажички исушени цветови од липа се прелеваат со една чаша врела вода и се оставаат околу 5 до 10 минути. Потоа, чајот се процедува и може да се пие. Тој што редовно пие чај од липа помешан со лажица мед, не треба да се плаши од воспаление на белите дробови или грип.

Почекајте да дојде јуни, за да процветаат липите, а тогаш припремете се за во зима. Единствена „мана“ на чајот е што ако се пие во поголеми количини може да доведе со срцеви проблеми. Затоа, треба да се консумира умерено, но не во количини како што пиете вода. Една шолја кафе на ден, слободно заменете ја со една чаша топол чај од липа.

Ви предлагаме да прочитате: Липа – здравје сервирано во шојла чај.

Сподели: