чај од магдонос за слабеење

Чај од магдонос за слабеење и намалување на целулитот

Ако сакате да го прочистите организмот, да го намалите целулитот, пијте чај од магдонос. Лековиот чај од магдонос се прави и користи за слабеење, исфрлање на вишокот на течности, за бубрези, како лек за уринарни инфекции, редовна менструација, а добар е и за лицето. Како се припрема чај од магдонос за слабеење и за што е добар ќе дознаете во продолжение на текстот. Лековити се листот, плодот и коренот од магдонос.

Магдоносот е одличен за здравјето, затоа што оваа билка изобилува со витамини и минерали. Богат е со витамин Ц, А, Б1 и Б2. Магдоносот е богат со калиум и е одличен диуретик. Има доста железо, што е добар за анемија. Содржи етерични масла, миристицин и флавоноиди. Овој чај има широк спектар на дејства, така што делува на намалување на притисокот и холестеролот. Може да користи за подобрување на варењето на храната, ги смирува цревата и ги отстранува гасовите. Исто може да помогне да се отстрани лошиот здив од устата. Пробајте и уверете се.

чај од магдонос

Употреба на чајот од магдонос како помошник за слабеење

Во поново време чајот од магдонос се пие како диететски напиток. Се верува дека помага за слабеење. Во овој случај корисно е тоа што помага за исфрлање на течностите. Со пиењето на чај од магдонос се делува превентивно, со што прекумерната количина на сол не се апсорбира во телесните ткива. Лековитиот чај од магдонос помага за исфрлање на токсините од бубрезите, мочниот меур, црниот дроб и желудникот, како и од другите делови од телото. На тој начин, чајот од магдонос оневозможува настанување на целулит, односно таложење на масни наслаги и зголемување на телесната тежина.

Како да направите чај од магдонос за слабеење

Чајот од магдонос се припрема од листот или коренот, од сувиот или свежиот магдонос. Една лажица свеж или сув магдонос прелијте ја со 200 мл варена вода и оставете ја поклопена 10 минути. Потоа, чајот процедете го и пијте го топол. Оставете го да се излади целосно, па додајте лимон и мед во чајот. Пијте до 3 шолји на ден. Најдобро е да се пие меѓу оброците. Не се препорачува да се пие на вечер, затоа што го поттикнува мокрењето.

Ви предлагаме да прочитате: Прочистете ги бубрезите со чај од магдонос.

Сподели: