Чистење на лицето со мед 1

Чистење на лицето со мед

Можеби ќе ви звучи малку чудно да употребите мед за чистење на лицето, а откако ќе пробате ќе знаете дека е точно тоа што го зборуваме. Подолу во текстот ќе ви откриеме како се чисти лицето со помош на мед.

Со медот како основна состојка, која скоро сите ја имаме во нашите домови можете да постигнете убав резултат на лицето. Баш како и при домашната употреба на масла за нега на лицето, чистењето и миењето на лицето има клучна важност. За оваа намена ви препорачуваме да користите природен органски мед кој поседува природни антибактериски својства, како и ензими и пробиотици кои ја негуваат кожата. Методот на чистење на лицето со мед е посебно делотворен во борба против акни.

Чистење на лицето со мед 2

Како да го чистите лицето со мед?

Како што спомнавме погоре најважно е да користите природен органски мед. Најпрво измијте го лицето со топла вода, а потоа на прстите ставете малку мед (количина колку мала лажичка) и полека со помош на кружни движења измасирајте го лицето, а не заборавајте истото да го направите и со вратот. Измијте со млака вода и со тапкање исушете го лице, па намачкајте со хидратантен крем за лице.

Што да направите за длабинско чистење на лицето со мед?

Постапката започнува исто како и при миењето, а разликата е во тоа што откако ќе го измасирате лицето, треба да го оставите медот да делува 10-тина минути, а дури потоа да го измиете со млака вода. Ваквиот третман ќе направи длабинско чистење на порите.

Чистењето на лицето со мед е домашен третман кој може да го применуваат сите, осносно е погоден за сите типови кожа, а може да се користи повеќе пати неделно.

Уживајте во подмладената, хидрирана и мазна кожа која блеска од чистота!

Ви препорачуваме да прочитате и 5 домашни маски за лице со мед.

Сподели: