Чоколаден мус.

Чоколаден мус

Вкусен десерт за уживање! Убавината на совршениот чоколаден мус се состои во чувството на благо во устата и интересната воздушеста текстурата која му дава сунѓерест изглед. Многу е лесен за јадење, слатко ќе ве усреќи и нема да ви предизвика тежина во стомакот од прејадување.

Овој десерт кој е одличен за деца и возрасни, а го направи и ни го предложи од својата кујна нашиот пријател Давор. Побрзајте да ја направите својата чаша чоколаден мус и на здравје!

Чоколаден мус

Состојки:

За 2 чаши:

  • 3 јајца
  • 2 лажици шеќер
  • 50 гр темно чоколадо
  • кора од 1 лимон
  • 1 лажица путер.

Подготовка:

  1. Во сад изматете ги белките и шеќерот, и оставете ги на страна.
  2. Во сад на пареа растопете го чоколадото и потоа додадете ги трите жолчки, путерот и кората од 1 лимон. Кога ја рендате кората од лимонот, најдобро е да ја изрендате само тенката жолта кора, бидејќи белата е горчлива и поради тоа мусот може да добие горчлив вкус.
  3. Смесата со чоколадото постепено вмешувајте ја во смесата со белките, а за да биде чоколадниот мус убаво воздушест, кога ќе ги соединувате чоколадото со изматените белки нежно промешувајте ги заедно, со цел што повеќе воздух да остане во смесата и да изгледа повеќе воздушесто.
  4. Претурете ја смесата во чаши и оставете да се стегне во фрижидер минимум 3-4 часа.
  5. Декорирајте со малини или било кое друго овошје. Добар апетит!

Рецептот го испратил: Давор Панчевски.

Сподели: