чоколадна торта со бисквити 1

Чоколадна торта со бисквити

Тортите со бисквити се едни од омилените и лесни десерти кои многумина ги обожаваат. А кога се збогатени со чоколадо, никој не може да му одолее на фантастичниот вкус.

Токму вака чоколадна торта со бисквити ни испрати нашата пријателка Диана, од блогот Tridiani, за која мора да признаеме дека изгледа одлично. Наведените состојки во рецептот се доволни за подготовка на мала торта со бисквити, а по желба може да ги дуплирате и да направите форма во ваш вкус.

чоколадна торта со бисквити

Состојки:           

  • 240 грама бисквити
  • 125 гр путер
  • 120 грама шеќер во прав
  • 120 грама чоколадо
  • 1 јајце (јајцето може да се замени со 1/4 чаша слатка павлака, мед или пире од јаболка)
  • 240 грама чоколадо за глазура
  • какао или канела по желба.

Подготовка:

  1. Изберете калап за торта во ваш избор и намрсете го.
  2. Бисквитите искршете ги на поголеми парчиња и ставете ги во длабок сад.
  3. Чоколадото искршете го на коцки, ставете го во сад на пареа. Мешајте го додека се растопи.
  4. Путерот и шеќерот ставете ги сад за матење. Путерот изматете го со миксер, а потоа во садот додајте ги растопеното чоколадо и јајцето. Продолжете со матење за да добиете хомогена смеса.
  5. Во садот за матење додајте ги искршените бисквити и убаво измешајте ги состојките со лажица. Смесата за торта ставете ја во калапот и добро притиснете за да нема воздушни меурчиња.
  6. Калапот ставете го во фрижидер за време од 3 до 4 часа, а најдобро е да стои преку ноќ.
  7. Потоа, тортата извадете ја од калапот.
  8. Преостанатото чоколадо растопете го на пареа. Тортата прелијте ја со растопеното чоколадо, наросете со какао или канела по желба. Оставете кратко време чоколадото да се стегни, а потоа исечете парчиња и послужете. На здравје!

Сподели: