чоколадни бомбици со лешници рум и портокал

Чоколадни бомбици со лешници, рум и портокал

Ако ви се јаде нешто благо или сакате да подготвите вкусен десерт за пријателите, ви предлагаме да ги пробате чоколадните бомбици со лешници, рум и портокал. Рецептот е од нашата кујна, многу е едноставен и лесен, а ќе ви бидат потребни петанесеттина минути за да уживате во прекрасниот чоколаден кремаст вкус надополнет со освежителната арома на портокал и примамливиот мирис на рум.

За време на пости овие бомбици може да ги направите со посни бисквити и посно чоколадно за готвење.

чоколадни бомбици со лешници рум и портокал

Состојки:

  • 1 лажица мед
  • 100 грама мелени лешници
  • 100 грама мелени бисквити
  • 50 грама шеќер во прав
  • 1 лажица рум
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 1 лажица маргарин
  • 1 кора од портокал
  • свеж сок од половина портокал
  • 100 грама рендано чоколадо
  • 100 грама чоколадо
  • 2 лажици масло.

Подготовка:

  1. Во сад на оган ставете го медот да се загрее.
  2. Во длабок сад ставете ги мелените лешници, бисквитите, шеќерот во прав, румот, ванилиниот шеќер, маргаринот, ренданото чоколадо, кората и сокот од портокал. Измешајте ги и додадете го медот.
  3. Од смесата формирајте бомбици, а потоа ставете ги во замрзнувач најмалку 30 минути.
  4. Во меѓувреме, растопете го чоколадото на пареа. Во растопеното чоколадо додадете го маслото и измешајте.
  5. Изладените чоколадни бомбици со лешници, рум и портокал прелијте ги со растопеното чоколадо и декорирајте ги по желба. На здравје!

Сподели: