Чоколадни кукулички – шишарки

Овој рецепт во нашето семејство се прави многу одамна и ни буди убави спомени од детството. Фантастичните форми кои се добиваат потсеќаат на кукулички, па од таму потекнува и името на овај одличен десерт!

Сигурно дел од вас го знаат и пробале од крцкавите колачи со чоколадни експандирани житарки. Рецептот за кукулички, а во некои краеви познати како шишарки ни го препорача Клара, а е многу лесен и вкусен за подготовка. Најмногу се радуваат децата, а кукуличките брзо ќе исчезнат од чиниите.

кукулички

Состојки:

  • 3 лажици какао
  • 100 гр чоколадо за готвење
  • 100 гр сусам
  • 5-6 лажици мед
  • 800 гр чоколадни експандирани житарки во форма на мали топчиња
  • 5 лажици шеќер
  • 250 грама путер или маргарин.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ставете го сусамот. Континуирано мешајте кратко време за да се потпечи сусамот.
  2. Во тенџерето со сусам додајте ги путерот, чоколадото искршено на коцки, какаото, медот и шеќерот. Измешајте ги состојките убаво за да се растопи путерот и чоколадото.
  3. Експандираните житарки ставете ги во поголем сад и полејте ги со претходно припремениот чоколаден прелив. Убаво измешајте ги со голема дрвена лажица за да се изедначат состојките.
  4. Од смесата за колачи, со мала лажичка ставете во внатрешноста на цедалка за лимони. Убаво притиснете, а потоа истресете ги колачите ги врз рамна чинија. За да си го олесните вадењето на кукуличките, обложете ја цедалката со најлонска фолија.
  5. Оформените кукулички оставете ги во фрижидер за да се стврднат барем половина час.

Рецептот го испратил: Клара Бос

Сподели: