Чоколадни тортички со прелив од чоколадо и виски

Штом станува збор за чоколаден десерт, ретко кој може да одолее. А кога на масата се сервирани чоколадни тортички со прелив од чоколадо и виски, секој ќе посегне.

Овој сладок рецепт за сочни тортички со богат вкус на чоколадно, дополнет со арома на виски ни доаѓа од кујната на Диана. Испробано и префинето!

чоколадни тортички

Состојки:

  • 40 грама путер
  • 3 лажици брашно
  • 2 лажици чоколадно какао
  • 300 мл млеко
  • 70 грама шеќер во прав
  • 120 грама темно чоколадо
  • 4 јајца
  • прстофат сол
  • екстракт од ванила.

За чоколаден прелив:

  • 100 грама слатка павлака
  • 120 грама темно чоколадо
  • 20 мл виски (може да се замени со кафе, ликер или да се изостави).

Подготовка:

  1. Рерната се загрева на 180 степени. Путерот се става во тенџере, на ниска температура за да се растопи.
  2. Штом путерот се растопи се додаваат брашното и какаото. Се меша со лажица и постепено се додаваат млекото и шеќерот.
  3. Се меша додека се добие густ сос, а потоа тенџерето се трга од огнот и се додава чоколадото. Штом чоколадото се растопи, во садот се додаваат жолчките и аромата и смесата се мати со миксер.
  4. Белките се ставаат во сад за матење. Се додава прстофат сол и се матат со миксер додека се добие густ шлаг. Неколку лажици од изматените белки се ставаат во чоколадната смеса и убаво се меша, а потоа постепени се додаваат и преостанатите белки.
  5. Смесата се става во 8 помали или 6 поголеми керамички садови, кои претходно се премачкуваат со путер и се поросуваат со какао. Садовите се редат во друг подлабок сад за печење на водена бања. Тоа значи дека во длабокиот сад се налева жешка вода до половина од висината на калапите.
  6. Се ставаат да се печат за време од 17 до 18 минути, доколку се користат помали калапи, или 20 до 23 минути за поголеми калапи, односно додека тортичките нараснале и започнале да пукаат по површината.
  7. Печените колачи се вадат од рерната и се оставаат да се изладат за време од 1 час.
  8. Во меѓувреме се приготвува сосот. Павлаката се става во тенџере на оган да се загрее. Пред да започне да вари, тенџерето се трга од огнот и се додава ренданото чоколадо. Се меша и се остава околу една минута, а потоа се додава вискито. Повторно се меша.
  9. По желба, пред сервирање, тортичките може повторно да се претоплат на 180 степени за време од 5 минути, или да се стават во микробранова печка на 20 до 30 секунди. Имаат убав вкус и кога се изладени.
  10. Пред служење се потураат со чоколадниот сос. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Чоколадни кремасти коцки со бисквити и лешници.

Сподели: