Чувајте ги лимоните свежи и сочни до 1 месец

Лимоните наоѓаат голема примена во подготовката на јадења, од салати до риби и десерти. Но, често се случува да немаме достапни свежи лимони при рака, понекогаш тие се исушени, при што е тешко да се исцеди сок или пак за кратко време по купувањето да мувлосаат. Затоа се одлучивме да ги пронајдеме најдобрите совети за чување на лимони подолг временски период, без да се намали нивниот квалитет и да останат сочни до моментот на користење.

Лимоните изгледаат убаво во чинијата со овошје на собна температура, каде што најголем дел од нас ги чуваат. За несреќа, ова е најлошиот начин на чување на лимоните, затоа што најбрзо го губат својот квалитет. Готвачите ширум светот тестираа неколку начини на чување на лимони и тоа на собна температура, во фрижидер, со или без најлонска кеса. Па, еве кои се резултатите од експериментот и кои совети за чување на лимони, тие ги препорачуваат.

чување на лимони

Доколку се чуваат на собна температура, лимоните ќе бидат свежи во период од една недела. После тоа, тие ќе започнат да се сушат и стврднуваат. Но, доколку лимоните се чуваат во фрижидер, во херметички затворена пластична ќеса истите ќе останат свежи и до 1 месец по купувањето. Сигурно и вие ќе се одлучите да ги чувате лимоните свежи до 1 месец, во споредба со период од една недела. Тестот покажал дека лимоните кои се чуваат во фрижидер без ќеса, нема да останат свежи еден месец, но сепак доколку немате херметичка ќеса на располагање, ова е подобар начин на чување во споредба со собната температура.

Дали вие ги чувате лимоните во најлонска ќеса во фрижидер? Или пак знаете друг начин на чување за да останат свежи подолго време?

Сподели: