Шафранот како природен лек против депресија

За шафранот се знае дека е еден од најскапите зачини, но тоа не е без причина. Неколку неодамнешни истражувања утврдиле дека шафранот е подеднакво ефикасен против депресија исто како и некои лекови. Еве што велат последните истражувања за шафранот како природен лек против депресија.

Шафранот како моќен природен лек против депресија

И тоа не е сѐ! Шафранот позитивно влијае и при Алцхајмерова болест и Паркинсонова болест, како и при некои други здравствени проблеми. Во традиционалната персиска медицина, шафранот се користел како антидепрессив. Иранските истражувачи тврделе дека тој има ист ефект како и многу други антидепресиви. Двете состојки кои ги содржи – шафранал и кроцин влијаат за подобрување на расположението. Имено, тие го одржуваат балансот на допаминот, норепинерфринот и серотонинот.

шафран

Може да ве интересира: Куркума и шафран против депресија

Истражувањата ја потврдиле неговата ефикасност

Со една студија во која биле опфатени 40 лица со блага до умерена депресија, било утврдено позитивното дејство на шафранот. Истражувачите ги поделиле лицата во две групи, така што првата група земала два пати по 15 мг шафран на ден, а другата користела лек против депресија. По два месеци, шафранот покажал ист ефект како и лекот против депресија, само што немал несакани ефекти. „Податоците од клиничките испитувања кои се спроведени до денес укажуваат дека користењето на суплементи од шафран може да ја подобрат состојбата кај лица со изразена депресија“ – заклучиле авторите на истражувањето.

Други придобивки од консумацијата на шафран

Покрај тоа, утврдено е дека шафранот:

  • кај Алцхајмерова болест, може да биде подеднакво ефикасен како и некои лекови
  • може значително да ги намали симптомите при метаболичен синдром
  • ги ублажува симптомите на пред менструален синдром
  • има позитивен ефект и кај пациенти кои имаат мултиплекс склероза
  • го инхибира растот на клетките на ракот кај луѓето.

Совет плус: Доколку се инспириравте да го набавите овој зачин, потребно е да знаете дека не смее да се консумира во големи количини. За третман на депресија и ублажување на пред менструален синдром, користете по 15 мг на ден. Според истражувањата, не би смееле да ја надминете дозата од 1,5 грама на ден. Трудниците и доилките не смеат да го користат овој зачин. Во секој случај, за што и да планирате да користите шафран, пожелно е да се консултирате со лекар, особено ако земате некои лекарства.

Ви предлагаме да прочитате: 5 придобивки од истакнатиот зачин и лек шафран

Сподели: