Шпагети во кремаст песто сос

Доживејте го вкусот на италијанската кујна во вашиот дом, пробајте ги овие шпагети во кремаст песто сос! Ви го преставуваме и рецептот за популарниот песто сос кој се прави од босилек, пињоли и пармезан.

Ако веќе имате купено песто сос, тогаш подготовката на овој рецепт е многу лесна и брза.

шпагети со песто

Состојки:

  • 450 грама шпагети
  • ¼ чаша екстра девствено маслиново масло
  • 2 чешниња ситно сечкан лук
  • 1/3 чаша пињоли
  • 3 чаши свежи листови од босилек
  • ¼ чаша рендан пармезан
  • ¼ мала лажичка сол
  • ½ чаша неутрална павлака за готвење.

Подготовка:

  1. Во нелеплива тава на оган, на ниска температура ставете ги пињолите. Печете ги за време од 3 минути, додека добијат златно кафеава боја.
  2. Во блендер ставете ги босилекот и ¼ чаша маслиново масло. Блендирајте ги, а потоа додајте ги пињолите, 1 чешне сечкан лук, пармезанот и солта. Повторно избледнирајте за да добиете песто сос.
  3. Во поголема количина на врела посолена вода, ставете ги шпагетите да се варат. Варете ги согласно упатството на пакувањето. Постапката за најлесно варење на шпагети, прочитајте ја тука.
  4. Варените шпагети исцедете ги, а ¼ до ½  чаша од течноста задржете. Таа течност понатаму се користи за приготвување на сосот.
  5. Во поголема нелепллва тава на оган ставете 2 лажици маслиново масло. Додајте го лукот и пропржете го околу 1 минута. Во тавата додајте го песто сосот и неутралната павлака. Измешајте, додајте ги шпагетите и посолете.
  6. Потоа, додајте ја течноста во која се вареа шпагетите за да добиете кремаст сос. Готовите шпагети во кремаст песто сос послужете ги додека се топли. По желба може да ги сервирате со рендан пармезан, шери домати и листови босилек. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Рецепт за песто сос – прилог за тестенини.

Сподели: