Шпагети со бел сос 1

Шпагети со бел сос

Кога сакате да направите брзо јадење кое ќе биде вкусно за целото семејство, слободно изберете го овој одличен рецепт за шпагети во бел сос. Лесни се за подготовка и едноставни за сервирање.

Ве советуваме кога подготвувате сосови да изберете состојки со најдобар квалитет за вкусот да биде загарантирано добар.

Шпагети со бел сос 2

Состојки:

  • 1 полна лажица Екстра бело брашно од Жито Лукс
  • 50 гр путер
  • 1 главица ситно сечкан кромид
  • чаша млеко
  • вода по потреба
  • 100 гр крем сирење
  • 100 гр рендан кашкавал
  • 100 гр бело рендано сирење
  • малку маслиново масло
  • сол, црн пипер по потреба
  • 350-400 гр шпагети.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ставете вода да се зоврие, а потоа во неа вода ставете ги шпагетите да се варат. Има неколку совети кои може да ја подобрат вашата техника за најдобро да ги сварите шпагетите, истата може да ја погледнете тука.
  2. Варените шпагети, исцедете ги и ставете ги во чинии за сервирање.
  3. Во меѓувреме подгответе го сосот. Во нелеплива тава на оган, на средна температура ставете го маслиновото масло да се загрее. Потоа, додајте го кромидот и пропржете го така што да стане жолтеникав, но да не потемни.
  4. Кога ќе биде скоро готов тргнете го во чинија на страна, а во истата тава, на тивка температура ставете го путерот да се растопи.
  5. Додајте лажица брашно и кратко запржете го, а кога бојата на брашното ќе стане златножолта, додајте ја чашата млеко и варете го сосот. Посипете црн пипер и сол по вкус.
  6. Кога смесата на оган ќе зоврие додајте го кромидот и на тивка температура оставете да се крчка.
  7. Пред да го тргнете од оган додајте го крем сирењето, ренданиот кашкавал и сирењето. Мешајте додека се добие хомогена смеса, а потоа оставете ја на тивко да добие густина и по потреба налејте вода.
  8. Сосот се служи топол со сервираните шпагети, а по желба може да замените со други тестенини.

На здравје!

Сподели: