Што да јадете, а што да избегнувате ако патите од хемороиди? 1

Што да јадете, а што да избегнувате ако патите од хемороиди?

Со помош на храната можете да се ослободите од многу непријатности. Така, ако патите од хемороиди, треба да издвоите неколку минути во корист на вашето здравје и да го прочитате овој текст.

Според некои истражувања, дури и повеќе од 2/3 од луѓето во светот, во текот на својот живот водат битка со хемороиди, болести на проширени вени во внатрешноста и околу анусот, како и долниот дел на ректумот (задното црево).

Хемороидите ги погодуваат подеднакво и мажите и жените, како помладите, така и повозрасните. Најчесто тие се последица од долго седење или стоење, па најчесто се јавуваат кај луѓето кои се зафатени со работа. Особено најпогодена категорија се луѓето со канцелариска работа.

Што да јадете, а што да избегнувате ако патите од хемороиди? 2

Кои намирици е добро да се јадат доколку патите од хемороиди?

Овесни и други снегулки, јаболка, круши, зелка, брокула, мешунки и целожитни производи (интегрални). Секој ден треба да се консумира доволни количини на свежо овошје и зеленчук. Целта е со ваков избор на намирници да се обезбедат неопходните количини на растителни влакна, за да има подобро варење на храната.

Пијте доволно вода, независно од тоа дали чувствувате жед, пијте околу 2 литри на ден.

Ако хемороидите крварат, потребно е да консумирате намирници богати со витамин К, а таков е зелениот листест зеленчук. Во случај крварењето да е обилно и долготрајно, најдобро консултирајте се со лекар и земете додаток на исхрана кој обезбедува железо.

Која храна да ја избегнувате?

Тоа е црвеното месо и месните преработки, разните процесирани производи и чоколади. Кафе и алкохол се исто така непогодни намирници, а посебно црвеното вино. Внимавајте кога имате проблем нивната консумација да биде ограничена и контролирана.

Секој ден треба да јадете барем еден течен оброк, а одлично би било ако јадете и супа. Агресивните зачини како што е црниот пипер или лутите пиперчиња можат да ја влошат состојбата, па пожелно е да ги избегнувате.

За крај, посебно ако имате седечка работа, не ја изоставајте физичката активност. Умерено и редовно движење и тоа како е од помош!

Ви препорачуваме да прочитате: Како да спречите појава на хемороиди и најдобро да се справите со нив?

Сподели: