Што причинува запек и како да го решите?

Ако ги консумирате баш намирниците кои ги спомнуваме подолу, сигурно ќе спречите запек или во барем ќе ги ублажите неговите симптоми!

Терминот запек уште се среќава како опстипација или констипација и е состојба за која најголем број од луѓето се страмат да побараат помош од лекар пред болните промени да заземат замав и да предизвикаат потешки последици.  Запекот може да биди исцрпувачко искуство, но за среќа постојат повеќе природни лекови кои се брзи, ефикасни и евтини, а што е важно може да ги користите веднаш!

Запекот се јавува кога фекалната маса се задржува во дебелото црево. При тоа, кога фекалните материи имаат продолжено време на присуство во дебелото црево, тоа мора да ја апсорбира водата, а со тоа столицата станува цврста и сува, а празнењето болно. Прочитајте тука кој домашен лек помага при запек, а ако сакате да дознаете кои совети може да ви помогнат при мрзливи црева, кликнете тука.

запек совети

Во најголем број од случаите запекот не е предизвикан од специфични здравствени проблеми и заради тоа е тешко да се дијагностицира точната причина за неговата појава. Сепак, најчести фактори кои се јавуваат како предизвикувачи на оваа состојба се:

  • Недостаток на растителни влакна во исхраната (овошје, зеленчук или целожитни намирници)
  • Игнорирање на природната потреба за празнење
  • Дехидрација поради недоволно консумирање на вода
  • Недоволно движење или проблеми со мобилноста
  • Висока температура
  • Депресија или анксиозност
  • Прекумерна или недоволна телесна тежина
  • Психички проблеми поради преживеана траума.

Природни лекови кои ќе ви помогнат при запек

  • Здрави масти. Ако го зголемите внесот на здрави масти, цревата ќе лачат повеќе течности и така ќе ги ублажите симптомите на констипација. Јадете јаткасто овошје, маслиново масло или авокадо.
  • Меласа. Таа содржи доста концентрирани витамини и минерали, а за олеснување на запек посебно е корисна високата содржина на магнезиум. Од меласата можете да консумирате по 1 лажица пред спиење.
  • Чај од ѓумбир или нане. Тие се природни лекови за проблеми со варењето на храната. Ѓумбирот го забрзува варењето, а ментолот од нането ги опушта муслуките на дигестивниот тракт. Топол чај може да го подобри варењето, а можете да пиете по 1 шолја наутро и навечер.
  • Суви сливи или смокви. Овие овошја содржат растителни влакна во големи количини, па со нивното консумирање, не само што ќе го олесните варењето на храната, туку може и да добиете контракции на цревата кои ќе ви обезбедат брзо одење во тоалет.

Ви препорачуваме да прочитате: 9 намирници кои помагаат при запек (опстипација).

Сподели: