машина за садови

Што сѐ може да измиете во машината за садови?

Како и многу намирници и апарати во домаќинството, така и машината за садови треба да се искористи во целост. А дали знаете што освен садови, може да миете во неа?

Знаеме дека таа е помеѓу вашите омилени кујнски уреди, но да бидеме искрени, кој сака да мие садови? А време е машината да ја искористите и за други задачи и да заштедите време.

Некои од овие предлози ќе ви изгледаат чудно, но имајте на ум дека делуваат и секогаш ќе може да ја исчистите и дезинфицирате машината по миењето.

машината за садови

Како да ја исчистите машината за миење на садови?

Јаболковата или оцетната киселина може да ја искористите како благо антибактериско средство за дезинфекција. Во чаша или шолја за чај ставете киселина и оставате ја на горната полица во машината за садови. Вклучете ја машината на најјака температура.

Што сѐ може да измиете во машината за садови?

Сунѓерите може да ги измиете во машината за садови

Секако дека садовите се на прво место, но во машината може да ги измиете и сунѓерите и четките за рачно чистење на чиниите и тавите. Ставете ги на горната полица или помеѓу садовите. Машината вклучете ја како и вообичаено.

Садовите за шеќер, сол и зачини мијте ги два пати месечно

Малите кујнски предмети кои се досадни да се чистат рачно, може да ги измиете два пати месечно во машината за садови. Тука би ги вклучиле садовите за шеќер, сол и зачини, за путер… Штом се исушат, повторно наполнете ги и корсетите ги.

Во машината за садови може да измиете и некои други предмети од домот

Можеби нема да се сложите со ова, но многу луѓе денес машината за садови ја користат за миење на многу други предмети. Предметите од бањата на кои се насобрало каменец, како делот од тушот може да го исчистите во машината за садови. Ставете ги на горната полица и вклучете ја машината на вообичаената програма со која ги миете тенџерињата.

На ист начин може да се измијат држачите за четки, сапун или пластичните четки за шминкање.

Во машината може да ги измиете и плафонките. Наредете ги на горната полица, само внимавајте да има доволно простор меѓу нив затоа што се поосетливи од обичните садови. Измијте ги на програма за осетливи садови и кристал, без опција за сушење.

Детските гумени и пластични играчки може да ги измиете на ист начин. Ставете ги на горната полица во машината и измијте ги со другите садови со нормален циклус.

Ви предлагаме да прочитате: Што не смее да миете во машината за садови?

Сподели: