Јаболко, куркума и грозје против рак на простата

Никогаш не треба да ја запоставуваме здравата храна која е локална и е лесно достапна. Во Македонија има убави јаболка и вкусно грозје кое го освојува сечиј вкус. А токму овие две овошки заедно со куркумата се моќни против рак на простата.

Што велат новите истражувања за дејството на јаболкото, куркумата и грозјето врз ракот на простата?

Не станува збор за народен лек, напротив нивното дејство е утврдено од истражувачите од Универзитетот Тексас.

Новото истражување утврдило дека комбинацијата од овие три намирници ги „топи“ клетките на рак на простата. Имено, истражувачите докажале дека комбинираниот третман со помош на три природни соединенија го инхибира растот на туморот на простата и на клучен начин го менува метаболизмот на малигните клетки. Тие три компоненти се: урзолинска киселина (се наоѓа во кората на јаболката), куркуминот (главна состојка на куркумата) и ресвератролот (најзастапен во црното грозје).

рак на простата

Истражувањето, наместо да тестира само еден агенс како што правеле многу досегашни истражувања, било реализирано со тестирање на комбинации на состојки кои го намалуваат карциномот на простата. Се покажало дека комбинацијата на овие три состојки е исклучително ефикасна.

Комбинирањето на урзолинска киселина со куркума и ресвератрол ги спречува малигните клетки да се хранат со состојката која се наоѓа во храната и е позната како глутамином. Тоа е едноставно решение, така што се блокира нутриенот кој е неопходен за малигните клетки, со помош на намирници кои се вообичаени во секојдневната исхрана.

Совети како почесто да ги вклучите овие три намирници во исхраната

Бидејќи овие три намирници се исклучително здрави, вреди почесто да ги вклучите во исхраната. Притоа, ве советуваме да изберете јаболка и грозје кои не се прскани и се свежи, односно од некој локален производител. Уште подобро е ако можете сами да ги одгледувате.

За ужина направете си овошна салата од јаболко и црно грозје. Салатата ставете ја во чинија и попрскајте ја со куркума и цимет.

Може да си направите и смуди со кое ќе го започнете денот. Во блендер ставете едно јаболко, претходно исчистено од семките, додајте ½ чаша грозје и 1 лажичка куркума. Доколку ви е густо, може да додадете 100% сок од јаболка. По желба зачинете со цимет или екстракт од ванила.

Ви предлагаме да прочитате: 4 лесно достапни намирници против рак.

Сподели: