Јагоди – изобилство од задоволство и здравје

Нахранете го телото со антиоксиданси, јадете јагоди и помогнете му на својот организам во борбата против стареењето, против воспаленија и многу повеќе! Не само што се едно од омилените овошја поради својот вкус и изглед, јагодите исто така се исклучително здрави. 

јагоди

Токму затоа ги издвоивме најзначајните здравствени придобивки од јагодите:

  1. Ниско калориска вредност – количина на една чаша јагоди содржи само 43 калории, што обезбедува 13% од препорачливата дневна доза на растителни влакна кои овозможуваат намалување на крвниот притисок и спречуваат прејадување.
  2. Антиоксиданси – јагодите содржат хемиски состојки наречени феноли. Антоцијанин е еден од нив и е одговорен за убавата црвена боја на јагодите. Исто така јагодите содржат витамин Ц, фолати, флавоноиди и кверцетин.
  3. Антивоспалителен ефект – фенолите во јагодите се борат против многу важни воспалителни пореметувања на различни твкива, а такви се: остеоартритис, канцер, астма и атеросклероза.
  4. Б комплекс – јагодите содржат значителни количини на витамините од Б групата, посебно витаминот Б6, нијацин, пантотенска киселина и фолна киселина.
  5. Чудесниот манган – една чаша јагоди содржи 21% манган кој е есенцијален нутритиент и делува како моќен антиоксиданс и антивоспалителен агент. Манганот исто така е одличен за здравјето на коските.
  6. Здрави коски – освен погоре споменатиот манган, јагодите содржат и калиум, витамин К и магнезиум, кои се многу важни за здравјето на коските.
  7. Јагодите се супер храна за очите, правилна функција на мозокот и обезбедуваат регулација и нормализирање на висок крвен притисок, артритис, ГИХТ и срцеви заболувања.
  8. Својства против стареење – јагодите се богати со биотин кој овозможува подобрување на цврстината на ноктите и косата. Елагичната киселина која ја содржат ги штити еластичните влакна кои се дел од нашата кожа и на тој начин спречуваат стареење и набрчкување на кожата.
  9. Енергичниот витамин Ц – една чаша јагоди содржи неверојатни 136% од препорачливата дневна доза за витамин Ц кој е ефективен антиоксиданс и е значаен за виталноста и создавањето на сврзното ткиво (колагенот) што повторно помага нашата кожа да има здрав и затегнат младешки изглед. Витаминот Ц има носечка важност и е еден од најважните состојки кој има  улога против стареењето.
  10. Намалување на телесна тежина, слабеење – јагодите содржат нитрат кој има посебни позитивни ефекти врз протокот на крв и транспортот на кислород низ телото до клетките. Нитратите им помагаат на мускулите да се опорават после напорно вежбање.

Забелешка: Постојат луѓе кои патат од алергиска реакција предизвикана од јагодите. За нив и покрај сите позитивни ефекти најдобро и препорачливо е да се консултираат со лекар со цел да се избегнат штетни алергиски и други реакции кои можат да се појават и да го пореметат нормалното функционирање на организмот.

Сподели: