Јадете ли оризови галети 1

Јадете ли оризови галети? Тие се диетална, посна и здрава замена за леб

Претставуваат лесна и брза ужинка, а може да бидат искористени и во разни рецепти, па нивната примена е навистина широка. А, како може да ги јадеме и за што се добри? Ви откриваме во текстот кој следува.

Кога станува збор за оризови галети, прва и најчеста асоцијација е дека се вкусна, диетална и здрава замена на леб, погодна за секоја возраст. Имаат ниска количина на масти и малку калории. Иако не го снабдуваат организмот со огромна количина на витамини и минерали, сепак оризовите галети обезбедувааат мали дози од некои есенцијални (неопходни) нутриенти.

Калории и масти

Оризовите галети обично може да се најдат во неколку вариетети. Може да бидат направени само од ориз или да бидат измешани со одреден процент на семиња, како што лененото семе, сусамот, рж и слично. Едно парче од нив просечно содржи помеѓу 30 до 60 калории, зависно од големината и составот. Било кој тип на оризови галети да е земен во предвид, тие содржат помалку од 1 грам масти, а скоро и да нема заситени масти во нивниот состав. Вклучувањето на оризовите кекси во вашиот диетален режим е можност за што помал калориски внес во денот. Ќе се чувствувате добро најадени, а посебно ќе ги намалите калориите од мастите.

Јадете ли оризови галети 2

Во истражување кое го правевме неодамна, утврдивме дека кога како составен дел од оброкот се вклучени галети, можно е да се исполнат сите активности во денот без чувство на замор и недостаток на енергија. Имено, истражувањето опфаќаше различни сегменти на нискокалоричен режим на исхрана, при кој во одделни денови беше применувана канцелариска работа и не беа забележани концентрациони проблеми, поспаност, замор или малаксаност. Во други денови, кога оризовите галети беа главен оброк, надополнети со нискокалоричен намаз, беше извршено тестирање на енергетските способности при спортски активности како планинарење, скијање, вежбање и деновите на испитаниците без во најнормален тек, дури и подобро од обично. Останатиот дел од истражувањето покри комбинација на двете погоре споменати дневни агенди, односно комбинација на канцелариска работа во текот на денот, со физичка активност за време на доцните попладневни часови. И во сите три случаи, не беа забележани никакви проблеми кои се однесуваат на енергијата и работоспособноста за извршување на активностите во текот на денот, како што е тоа случај во повеќе нискокалорични режими на исхрана.

Растителни влакна

Зрната од кои се прават оризовите галети се богати со растителни влакна, а никогаш не е штетно да се додадат малку од нив во исхраната. Интегралниот ориз кој се користи за правење на оризовите кекси е баш таков. Кога во дневното мени вклучувате доволна количина на растителни влакна, веројатноста дека ќе искусите констипација (запек) или други дигестивни проблеми, е многу помала. Изобилството од растителни влакна или нивното внесување во доволни количини, е исто така поврзано со намалување на ризикот од развој на дијабетес и кардиоваскуларни заболувања. Мажите треба да внесуваат околу 30 о 38 грама на растителни влакна секој ден, а жените треба да внесуваат барем 21 до 25 грама на растителни влакна дневно. Просечната количина во една оризова галета е помеѓу 0.5 до 1 грам растителни влакна, зависно од големината на галетата и од користените зрна за нејзина изработка.

Хранливи материи

Оризовите галети се 100% природни, имаат неутрален вкус и не содржат шеќер. Во својот состав галетите содржат и железо – минералот кој е неопходен за производство на здрави црвени крвни зрнца. Железото исто така го зајакнува одбранбениот систем на организмот и поддржува нормална делба на клетките. Дневната препорачана доза на железо е 8 милиграми за мажи и 18 милиграми за жени. Во една галета може да се најде околу 0.32 милиграми железо. Кога оризовите галети се направени со додаток на некои семиња, содржината на железо варира помеѓу 0.21-0.28 милиграми. Оризовите галети содржат и мали количини на цинк и магнезиум. Количината на натриум просечно се движи помеѓу 20 и 59 милиграми во едно парче.

Неколку совети како да ги јадете

Секогаш кога имате потреба за здрава ужинка или лесен оброк, оризовите галети се добра опција. Слободно може да ги користите како замена за леб и како основа на која може да нанесете здрав и вкусен намаз. Намазите може да ги подготвувате дома, како што е на пример, домашна паштета од маслинки, посен намаз од леќа, домашен џем од моркови, домашен чоколаден намаз од банани и слично. Можете да си направите гвакамоле и да ги премачкате галетите со него, па да декорирате со свежи кругови домат. Друга одлична е идеја е да ја премачкате галетата со хумус, превкусна е комбинацијата и многу хранлива, а и ќе внесете богатство од растителни влакна! Премачкајте со павлака или со намаз од сирење, па уживајте во здравата доза на калциум, витамиин Ц и калиум. Оризовите галети се одлични за со месо и сосови, совршени за нискокалорични режими за слабеење и здрав стил на живот. Крцкави залчиња кои го разведруваат денот, пробајте и ќе знаете дека е така!

Ви препорачуваме да прочитате: 5 здрави и испробани рецепти за посни намази.

Сподели: