јапонско-јаболко

Јапонско јаболко – храна на боговите

Убавата златно-жолта боја, несекојдневниот вкус и арома се добар мотив да јадеме јапонско јаболко кое што во светски рамки е познато како „храна за боговите“. Но, дали знаете дека јапонското јаболко, всушност потекнува од Кина?

Хранливите состојки и здравствените придобивки се многубројни, па ајде да започнеме:

Редовно консумирајте јапонско јаболко и симнете ги килограмите

Јапонските јаболка се добри доколку сакате да ја намалите телесната тежина. Тие содржат висока количина на растителни влакна, кои овозможуваат да бидете сити подолг временски период, а исто така ја намалуваат потребата за шеќер и преработена храна. Едно јапонското јаболко содржи 6 грама растителни влакна, со што се задоволуваат 24% од дневните потреби на организмот.

Јапонското јаболко ги уништува клетките на ракот на дојката

Согласно со најновите истражувања јапонското јаболко е една од храните која што се поврзува со уништувањето на клетките на ракот на дојката без притоа да се оштетат нормалните клетки. Научниците сметаат дека тоа се должи на присуството на флавоноидот фисетин, кој што е присутен во неколку овошја и зеленчуци, а особено го има во јапонското јаболко. Фисетионот е значаен фактор во уништувањето на клетките на ракот на дебелото црево и простата.

јапонско јаболко

За кристално чист вид и добро здравје на очите јадете јапонски јаболка

Оштетувањето на ретината на очите, доведува до намалување на видот. Тоа најчесто е причина на делувањето на слободните радикали.  Јапонското јаболко е богато со антиоксиданси како што се витаминот А, Ц, К и фитонутриентот зеаксантин. Овие состојки имаат значајна улога во заштитата на ретината од оштетувања. Покрај тоа превенираат појава на катаракта (очно перде).

Ја подобруваат работата на дигестивниот систем

Високата застапеност на растителните влакна го подобрува варењето на храната и превенира појава на запек, со што се намалува ризикот од канцер на дебелото црево.

Јапонските јаболка ја одржуваат младоста

Слободните радикали освен тоа што предизвикуваат канцер,  ги оштетуваат клетките на кожата  го забрзуваат процесот на стареење. Антиоксидансите и фитонутриентите кои што ги содржи јапонското јаболко ги неутрализираат слободните радикали и го штитат организмот од предвремено стареење.

Покрај придобивките кои што ни ги нуди јапонското јаболко, треба да се напомени дека високата содржина на танин, ја ограничува неговата консумација. Поради тоа, не се препорачува да се јаде на празен желудник, затоа што може да предизвика дијареја. Пациентите кои имаат дијабетес треба да имаат во предвид дека ова овошје има висока содржина на шеќер.

Сподели: