јајца - чувари на видот, кожата, косата

Јајца – чувари на видот, кожата и косата

Многу долго се сметало дека се непријатели на лицата кои страдаат од висок холестерол и дека консумирањето на јајца поттикнува создавање на лошиот холестерол. Но, доколку изедете едно јајце на ден, тоа не претставува опасност и закана за вашето здравје, напротив, кога се јадат умерено јајцата се корисни за организмот.

Хранливи својства на јајцата

Eдно јајце има само 70 калории. Белката не содржи холестерол и се смета за идеален извор на белковини, а исто така е богата со есенцијални аминокиселини. Од вкупните масти кои ги содржат јајцата, половината од нив се незаситени масни киселини. Јајцата се извор на селен, фосфор, рибофлавин, витамин Б12, пантотенска киселина, витамините Д и Е.

јајца - чувари на видот, кожата, косата

Кои се благодетите од консумирањето на јајца за здравјето?

Јајцата благопријатно влијаат на видот. Изобилуваат со каротеноиди, состојки кои се насобираат во мрежницата на окото и ја подобруваат селективната филтрација на УВ зраците и светлината. Каротеноидите се познати по своето антиоксидативно делување, а посебно делуваат во борбата против оштетување на клетките кои доведуваат до слепило.

Денес лекарите препорачуваат да јадете по едно јајце дневно. Тие се извор на неопходните протеини потребни за градење на мускулите.

Јајцето е добар сојузник и за бремените жени. Протеините што ги содржи се богати со аминокиселини, кои се важни за добар развој на фетусот, а железото, витамините А и Д придонесуваат за да се зголеми силата на скелетот и притоа да се поттикне подобар раст.

Покрај тоа, јајцата се многу корисни за косата и кожата. Не случајно се скоро секогаш застапена состојка во домашно подготвените маски и средства за прехрана и разубавување на косата и кожата.

На што треба да се внимава?

Негативната страна на јајцата е тоа што предизвикуваат алергии и тоа 0,25% кај возрасните и 0,5% кај децата под 5 години. Карактеристично е тоа што алергијата исчезнува спонтано во адолесценцијата. Јајцата треба да се чуваат во фрижидер, да се консумираат строго до датумот на траење и да се јадат веднаш штом се подготват.

 

Сподели: