jogurt 1

Јогурт за здрави коски и силен имунитет

Добро познато е дека јогуртот е здрав напиток. Но, дали сте знаеле дека вкусниот јогурт има бројни здравствени предности кои го заштитуваат вашиот организам од повеќе заболувања?  Еве неколку причини зошто јогуртот треба редовно да се наоѓа на полиците од вашиот фрижидер и во дневното мени.

Јогуртот е идеална храна за зајакнување на коските

Јогуртот е богат извор на калциум, фосфор и витамин Д, па затоа се препорачува често да се конусмира кај лица кои имаат потенцијаен ризик од остеропороза. Лицата кои веќе имаат остеопороза, пожелно е да консумираат јогурт секојдневно.

За добро варење на храната консумирајте јогурт

Јогуртот содржи корисни бактерии кои се погодни за здравјето на цревата, а неговото редовно консумирање помага во намалување на ризикот од појава на рак на дебелото црево. Благодарение на корисните бактерии кои ги содржи јогуртот, се намалува штетната микрофлора, а тоа влијае за правилно варење на храната. Исклучително корисно дејство се забележува кај лицата кои патат од опстипација (запек), проблеми со варењето на храната и цревни инфекции.

jogurt

За здраво срце и крвни садови вклучете го јогуртот во исхраната

Ако имате покачен холестерол, консумирајте јогурт. Тој има способност да го снижи нивото на лошиот холестерол, бидејќи активните култури во неговиот состав можат да го апсорбираат и да го одржуваат на здраво ниво. Тоа значи дека јогуртот е благодет за лицата кои патат од срцеви заболувања. Недостатокот на калциум и витамин Д, може да биде причина за покачен крвен притисок. Јогуртот, како богат извор на истите, се препорачува за одржување на крвниот притисок под контрола.

Намалете го прекумерниот глад и ослободете се од вишокот на килограми

Ако сте ги испробале сите можни начини да се ослободите од непотребните наталожени килограми, треба почесто да консумирате јогурт, бидејќи го намалува гладот и дава чувство на ситост.

Јогуртот го зајакнува имунитетот

Јогуртот придонесува кон растот и развојот на белите крвни клетки (леукоцити) кои се борат против инфекции. Затоа, луѓето кои редовно консумираат јогурт имаат посилен имунитет и подобра одбрана на организмот од вообичаените настинки, преладувања, синдром на иритабилен колон итн. Составот на јогуртот е одличен и корисен против разни видови на инфекции, како што се вагинални, габични и цревни инфекции. Накратко, јогуртот е идеална намирница за сите возрасти.

Сподели: