ќофтиња во сос од домати 1

Ќофтиња во доматен сос

Ова јадење е познато во речиси секоја земја на светот. А благодарение на Клара и ние ќе може да ги вкусиме фантастичните ќофтиња во сос од домати. Ако сакате да направите специјалитет од мелено месо и зеленчук, ова е правиот избор за вас.

ќофтиња во сос од домати

Состојки:

  • ½ кг мелено месо
  • 1 тиквичка
  • 2 пиперки
  • 1 врзоп магдонос
  • 2 моркови
  • 400 мл доматен сос
  • 1 ќесичка крем супа
  • 100 гр ориз
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • 1 лажиче лук во прав или 6 чешниња
  • 1 лажица црвен пипер
  • 1 коцка за супа
  • 3 полни лажици брашно
  • 1 јајце
  • 1 главица кромид
  • сол и црн пипер.

Подготовка:

  1. Кромидот, лукот, магдоносот и пиперките ситно исекајте ги.
  2. Морковите и тиквичката исечете ги на мали коцки.
  3. Оризот обарете го и оставете го да вари 5 минути, а потоа тргнете го од оган и ставете го во подлабк сад.
  4. Во садот со ориз додајте ги меленото месо, мешаниот сув зачин, јајцето, половина од магдоносот и лукот, сол по вкус и зачиниете со мелен црн пипер. Потоа убаво измесете.
  5. Во посебен сад измешајте го брашното со прашокот за крем супа, па додајте сол и црн пипер.
  6. Во оваа мешавина тркалајте ги оформените ќофтиња за убаво да се налепат по целата површина.
  7. Во тенџере на оган ставете вода заедно со коцката за супа и оставете да се вари.
  8. Во друго тенџере на оган, ставете масло да се загрее. Во загреаното масло додајте ги кромидот, останатата половина од лукот, пиперките, морковите и тиквичката да се пржат. Кога ќе омекнат додајте ја црвената пипер, останатиот магдонос, мешаниот сув зачин, посолете, зачинете со мелен црн пипер и налејте го доматниот сос. На крај додајте ја и сварената супа.
  9. Кога ќе проврие сосот, ставете ги ќофтиња и варете околу 30 минути. Варените ќофтиња со сос послужете ги додека се топли. На здраве!

Рецептот го испратил: Клара Бос

Сподели: