Ќофтиња од наут и пармезан 1

Ќофтиња од наут и пармезан

Супер предлог од кујната на Кате! Ни даде одлична идеја како да направиме промена во секојдневното мени. Ајде да ги пробаме нејзините вкусни ќофтиња од наут и пармезан!

Радост е да се ужива во нови јадења, нели? Еве го рецептот.

Ќофтиња од наут и пармезан 2

Состојки:

  • 400 гр наут од конзерва
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 сува пиперка
  • 3 полни лажици пармезан
  • 1/2 лажичка куркума
  • неколку ливчиња магдонос
  • сол, црн пипер, масло по потреба .

Подготовка:

  1. Наутот исцедете го од течноста и изблендирајте го.
  2. Префрлете го во сад, па додајте ги пармезанот, ренданиот кромид, ситно сечканиот лук, сечканата сува пиперка, сечканиот магдонос, куркумата, малку сол (внимавајте со солта бидејќи пармезанот е солен) и црн пипер. Убаво измешајте ги состојките.
  3. Со рака земајте од смесата и обликувајте ќофтиња.
  4. Пржете ги во загреано масло на средна температура.
  5. Испржените ќофтиња извадете ги на кујнска хартија да се впие вишокот мрснотија и послужете ги со свежа салата.

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Запечен карфиол со ќофтиња и кашкавал.

Сподели: