Џанфранко Киарини со светски гастрономски перформанс во Скопје

Извонредниот светски 2* Мишелин готвач, Џанфранко Киарини, со својот тим, ќе приреди фантастичен гастрономски перформанс и доживување за македонските граѓани.

Прв пат во Македонија, на специјален настан, Киарини, кој готвел во ресторани со 3* Мишелин, ќе создава извонредни готвачки специјалитети со прекрасен дизајн и комбинација со соодветни вина. Сите љубители на извонредната храна, на 12 и 14 октомври 2016, лично ќе може да присуствуваат на готвачките перформанси на Киарини во Скопје. Тој ќе подготвува мени од јадења, по Мишелин стандардите, а истите ќе се подготвуваат и спаруваат со соодветни вина. Овие екстравагантни гастрономски настани ќе се случуваат во еден од најреномирани ресторан во нашата земја, Хантерс Лоџ Камник, со почеток во 20 часот, а бројот на  места е ограничен на само 80 лица по вечер.

Џанфранко

На 7 октомври Киарини ќе одржи специјален семинар наменeт само за професионални готвачи. Овој семинар ќе се одвива во Винскиот клуб Камник со почеток во 10.00 часот. За присуство на сите овие настани, потребно е заинтересираните гости да обезбедат билет, со што се добива и резервација на место.

Во светски рамки, гастрономијата достигнува ниво на транформација, преминувајќи во применета уметност во поглед на процесот на подготовка на храната и комбинирање на состојките и во поглед на надворешниот дизајн на порциите и нивно внимателно комбинирање со соодветни вина. Ваквото целосно соединување на приготвување на храната со уметноста овозможува нови возбудливи и бесконечни истражувања во деликатната сфера на создавање на вкусовите и во сферата на визуелната уметност која, сама по себе, ја претставува суштината на делото.

Сподели: