10 намирници кои го чистат црниот дроб 1

10 намирници кои го чистат црниот дроб и го забрзуваат согорувањето на калориите

Црниот дроб уште се нарекува „лабараторија на организмот“! Има важна функција за нашето здравје, а проблемите поврзани со него се дијагностицираат потешко бидејќи не боли. Искрено ви препорачуваме да го прочитате овој текст, а ако сакате да направите добра работа за својот организам, еве листа на намирници кои го чистат црниот дроб, со што го одржуваат витален и здрав.

Масната и пржена храна, нездравите напитоци, алкохолот и лековите се главни непријатели на црниот дроб. Тоа е така, затоа што тој има улога на филтер кој го штити телото од штетните материи. Точно поради тешката задача која ја извршува, црниот дроб може да биде многу оптеретен и да предизвика здравствени проблеми. Со оглед на тоа дека црниот дроб не е поврзан со нашиот нервен систем, доколку е болен не појавува симптоми, што значи дека е тешко да се открие болеста. Што и да изедеме за време на животот, поминува и низ црниот дроб. Токму заради тоа овој орган ги трпи сите наши лоши навики на исхрана, а со својата работа го штити нашето тело од токсините и другите штетни материи. Добрата вест е што црниот дроб има способност да се регенерира и скоро секоја штета може да се поправи. Во продолжение следи листата на корисни намирници за здрав црн дроб.

10 намирници кои го чистат црниот дроб 2

Лук

Лукот го поттикнува создавањето на ензимите кои помагаат во исфрлањето на токсините.

Цитрусно овошје

Лимоните, портокалите, грејпфрутот, лиметата се богати со витамин Ц, кој е силен антиоксиданс и му помага на црниот дроб да ги елиминира штетните материи.

Цвекло и моркови

Тие се богати со флавоноиди и бета каротен, што ја стимулира и подобрува работата на црниот дроб.

Зелен чај

Зелениот чај во својот состав содржи катехин, кој е силен антиоксиданс и помага за чистење на организмот. Во оваа насока имаме да ви предложиме еден наш рецепт за ладен чај кој го подготвивме неодамна баш со намера за детоксикација, за забрзување на метаболизмот и за слабеење. За да сме сигурни во неговото дејство, избравме да го подготвивме со чајот на Slim Line Club, чија ефикасност и состав ни се проверени. Slim Line Tea ги елиминира масните наслаги и токсините, а ако сакате да дознаете подетално за неговата корист или да го нарачате кликнете тука. Ако сакате да се освежите и воедно да направите нешто добро за своето здравје, повелете линк од рецептот за домашниот ладен чај за забрзување на метаболизмот, слабеење и полесно исфрлање на токсините.

Зелен лиснат зеленчук

Спанаќот, кељот, блитвата и зелените салати се полни со хлорофил, кој е многу делотворен во неутрализација и исфрлање на токсините од крвниот систем.

Ананас

Ананасот е преполн со витамин Ц, па делува како природен диуретик кој го ослободува телото од токсини.

Нане

Ливчињата од нането се богати со флавоноиди, кои како што спомнавме погоре имаат силно антиоксидантно дејство.

Зелка и останатите намирници од таа група

Исто како брокулата и карфиолот, така и зелката делува на ензимите на црниот дроб. На тој начин се регулира и забрзува неговата работа.

Ѓумбир

Можеби вкусот не ни е баш омилен, но ѓумбирот е моќен антиоксиданс кој го забрзува метаболизмот и помага во исфрлање на мастите од телото.

Ореви

Оревите содржат големи количини на омега 3 масни киселина, која е аминокиселина, значајна за забрзување на процесот на детоксикација.

Совет плус: Завршете го денот со детокс лепенки за стапала. SLC Detox Patch лепенките за стапала ја играат главната улога во целокупната детоксикација. На природен начин од организмот ги отстрануваат токсините, тешките метали и непотребните метаболички остатоци. Дополнително помагаат во отстранување на заморот, ја подобруваат циркулацијата, го зголемува квалитетот на сонот и го подобруваат целокупниот тонус на организмот.

Ви препорачуваме да прочитате: Детоксикација на телото во 6 чекори.

Сподели: