avokado 1

10 добри причини за да јадете авокадо

Можеби ви е малку чудно, но плодот авокадо се смета за овошје. Карактеристично за ова овошје е тоа што неговиот состав е различен од другите овошја. Овошјата воглавно се составени од голем процент на вода, а потоа следуваат јаглехидратите, додека авокадото е овошје кое има значителна количина на масти. Но, токму овие здрави масти се значајни и може да го подобрат нашето здравје.

Во продолжение прочитајте за здравствените придобивки од употребата на авокадо и зошто е добро почесто да го користите во вашата исхрана.

авокадо

10 причини кои ќе ве поттикнат да јадете авокадо

  1. Авокадото содржи многу корисни хранливи состојки. Ова овошје е добар извор на витамин К, фолна киселина, растителни влакна и здрави масти.
  2. Авокадото содржи повеќе калиум дури и од бананите. Калиумот е минерал кој често не се внесуваа во доволни количини. Тој е важен за многу функции во организмот, како и за одржување на електролитниот баланс во телото.
  3. Мононезаситените масни киселини се доста застапени во авокадото. Олеинската масна киселина (која исто е главна компонента и на маслиновото масло) сочинува најголем процент од мастите во авокадото. Оваа киселина се поврзува со намалување на воспалителните процеси и намалување на експресијата на гени поврзани со малигни болести.
  4. Авокадото е богато со растителни влакна, кои се многу важни за одржување на здрава телесната маса и контрола на нивото на шеќер во крвта.
  5. Доколку консумираме авокадо, можеме да го намалиме нивото на штетниот холестерол и на триглицеридите во крвта. Уште попозитивен ефект е тоа што авокадото може дури и да го покачи нивото на добриот холестерол во крвта.
  6. Мастите кои се наоѓаат во авокадото може да ви помогнат подобро да ги апсорбирате хранливите состојки од другите растителни продукти, односно ја олеснува апсорпцијата на витамините А, К, Е и Д.
  7. Авокадото е богат извор на антиоксиданти кои можат да ги заштитат вашите очи од оштетување. Зеаксантин и лутеин се два антиоксиданти кои се многу моќни заштитници на видот, а можат да се најдат токму во авокадото.
  8. Авокадото може да помогне во превенција на рак. Една студија покажала дека авокадото ги редуцира нус ефектите од хемотерапијата, кај пациенти кои се подлегнати на ваков третман.
  9. Екстрактот од авокадо може да помогне во намалување на симптомите од артритис.
  10. Консумирањето авокадо може да ви помогне да ја намалите вашата телесна маса. Една студија покажала дека авокадото дава чувство на ситост, го намалува чувството на глад, па така ви помага да консумирате помалку храна и да ја редуцирате вашата телесна маса до нормалното ниво.

Автор: Маја Велковска.

Ви предлагаме да прочитате: Како да пораснете дрво од авокадо од семка.

Сподели: