10 докажани причини за да консумирате спирулина 1

10 докажани причини за да консумирате спирулина

Многумина зборуваат за супер храна, па затоа решивме да ве запознаеме со една од најдобрите храни во светот, сино-зелената алга позната како спирулина. Спирулината е слатководна алга, која е предмет на голем број истражувања. Се одгледува насекаде во светот од Мексико до Африка, па и Хаваи, и е многу барана поради интензивниот вкус, но уште повеќе по моќните нутритивни вредности.

Можеби сте ја забележале во составот на вашите зелени суперхранливи намирници, енергетски плочки и природни додатоци од храна, а придобивките од спирулината се толку значајни, затоа што може да го обнови и ревитализира здравјето. До денес, постојат околу 1200 научни трудови во кои се истражувани здравствените придобивки од консумацијата на спирулина. Ние редовно ја користиме и можеме од лично искуство да ги потврдиме одличните ефекти врз здравјето.

10 докажани причини за да консумирате спирулина 2

Топ 10 докажани придобивки од консумацијата на спирулина

Во последните неколку години, спирулината како супер храна може да се најде во голем број на аптеки и кај нас. Придобивките од консумацијата се големи, па да започнеме со оние за кои постојат сигурни докази од научните истражувања.

Ја помага детоксикацијата на организмот од тешките метали (особено арсен)

Насекаде низ светот, голем број на луѓе имаат хронично труење со арсен, а особено со овој проблем се соочуваат жителите на Далечниот Исток. Една студија која беше спроведена во Бангладеш докажа дека милиони луѓе консумираат високи концентрации на арсен преку водата, а илјадници од нив веќе имаат симптоми од хронично труење со арсен. Истражувачите наведоа дека „не постои специфичен третман“ за трудењето со арсен, па затоа како алтернатива во превенцијата ја користеле сино-зелената алга. Резултатите кои ги добиле од 24 пациенти, по давањето на екстракт од спирулина (250 мг) и цинк (2 мг) два пати дневно ги споредиле со резултати од 17 пациенти со плацебо ефект и утврдиле дека комбинацијата на спирулина со цинк дава одлични можности. Кај 24-те пациенти забележале 47% намалување на концентрацијата на арсен во телото.

Ја елиминира кандидата

Неправилното варење на храната и проблемите со стомакот се директно поврзани со нарушена микрофлора, која понекогаш може да биде предизвикана од кандида. Инвазивната кандидијаза е главна причина за смртност од микози, а прекумерниот раст на кандидата во светски рамки, денес се смета и за сериозен знак на голем број автоимуни заболувања.

Денешниот начин на исхрана кој е богат со шеќери и неприродни состојки, отпорноста на антимикробните лекови и неефикасните антифунгални лекови, допринесоа за значително зголемување на габичните инфекции од 1980 година. За среќа, спирулината може да ви помогне да го решите овој проблем. Таа го подржува растот на корисните бактерии во цревата со што се оневозможува развојот на кандидата. Дополнително, бидејќи го зајакнува имуниот систем, спирулината му помага на телото полесно да ја елиминира кандидата.

Покрај овие две значајни придобивки, спирулината е корисна за:

  • ја подобрува здравствената состојба кај пациенти заболени со ХИВ вирусот
  • помага во превенцијата на канцер
  • го намалува крвниот притисок
  • го намалува нивото на лошиот холестерол и триглицерите
  • ги намалува шансите за срцев удар
  • ја зголемува енергијата
  • го забрзува слабеењето и намалувањето на телесната тежина
  • помага при проблеми со синусите.

Ви предлагаме да прочитате: Морски алги – храна богата со минерали која ветува долг живот.

Сподели: