10 намирници кои треба да ги јадете секој ден

Сакате да го подобрите или да го сочувате здравјето? Во исхраната вклучете ги овие 10 намирници кои треба да ги јадете секој ден, за да бидете здрави како дрен!

Консумацијата на здрава храна е предуслов за квалитетен живот и ден исполнет со енергија, добро расположение и сила. Затоа направивме листа на едни од најздравите намирници кои треба да ги јадете секој ден.

Зелен чај

Зелениот чај се вбројува на листата на најздрави храни во светот. Тоа е така благодарение на антиканцерогените својства кои ги поседува. Богат е со антиоксиданси кои помагаат во забрзување на метаболизмот, намалување на вишокот на килограми и одржување на витка линија.

Портокали

Портокалите се богати со витамин Ц, антиоксиданси и фолна киселина. Може да ги јадете за ужина или да пиете свежо цеден сок од портокал.

намирници кои треба да ги јадете секој ден

Чоколадо

Истражувањата покажале дека црното чоколадо:

  • го намалува високиот крвен притисок
  • го намалува лошиот холестерол
  • делува како природен антидепресив.

Точно, темното чоколадо е здрав избор за вас.

Домати

Доколку се приготвени, доматите имаат подобри антиканцерогени својства. Тие делуваат превентивно против карцином на белите дробови, желудникот, мочниот меур, простата и кожата. Исто така се добар избор за зачувување на здравјето на срцето.

Јогурт и кисело млеко

Го подобруваат имуниот систем, а се добри сојузници на дигестивниот тракт. Помагаат за обновување на микрофлората, превенираат гадење, надуеност, дијареја и констипација.

Ореви

Оревите се многу добри за вашето здравје. Содржат состојки кои позитивно влијаат за изградба на мускулите и превенираат срцеви заболувања.

Јајца

Јајцата се богати со витамин А, витамин Б12 и протеини. Помагаат за изградба на мускулите, ги согоруваат мастите и се добри сојузници во намалувањето на килограмите.

Јаболка

Штом се спомене јаболко и здравје, сигурно прво ви асоцира на познатата поговорка: „Едно јаболко на ден и не ви е потребен доктор“. Токму така, јаболката имаат повеќе придобивки за здравјето, а најмногу го штитат кардиоваскуларниот систем.

Маслиново масло

Маслиновото масло важи за едно од најздравите масла на светот, благодарение на антиоксидансите кои ги содржи. Тоа го контролира нивото на лошиот холестерол, така што го зголемува добриот.

Цимет

Ароматичниот цимет се вбројува во листата на најздрави зачини на светот. Тој ја доби својата популарност како природен лек кој помага во регулирање на шеќерот во крвта.

Ви предлагаме да прочитате: 5 здрави намирници кои грешно се приготвуваат.

Сподели: