10 најдобри намирници кои го помагаат слабеењето 2

10 најдобри намирници кои го помагаат слабеењето

Намалувањето на телесната тежина е на некој начин тежок процес кој бара голема посветеност, истрајност и желба, бидејќи резултатите не доаѓаат веднаш. За да го направиме тој процес полесен, ви креиравме листа од 10 најдобри намирници кои го помагаат слабеењето.

Направете го вашето искуство до посакуваната цел полесно, а тоа е и целта на оваа наша содржина. Прочитајте кои намирници се од помош за да се најдат често во вашата чинија. Со нив, слабеењето ќе стане полесно, а организмот ќе биде снабден со богати извори на протеини и соодветни дози на витамини и минерали кои го чуваат здравјето преку обезбедување на оптимален калориски внес.

10 najdobri namirnici koi go pomagaat slabeenjeto 2

Еве кои се 10-те најдобри намирници кои го помагаат слабеењето:

  • Риба – Посебно ако изберете морска риба ќе го снабдите организмот со вредни протеини и добра количина на омега 3 масни киселини. Оваа храна му служи на организмот како извор на енергија.
  • Јајца – Јајцата се одлична храна која освен со важните протеини и енергија, го снабдува организмот со цинк и железо, а посебно се препорачливи ако за време на слабеењето или воопшто во животот, практикувате физичка активност.
  • Мисирка – Месото од мисирка овозможува подолго да се чувствувате сити и да не се прејадувате, како и за полесно да изградите мускулна маса, а при тоа да се топат масните наслаги. На кратко, фантастичен избор кој е добро често да биде на менито!
  • Јаболка – Јаболката изобилуваат со растителни влакна, а посебно содржат пектин. Вкусни се и лесни за јадење, секогаш и секаде, а дополнително поради високата содржина на антиоксиданси штитат од рак.
  • Супа – Домашните супи се одлични, без додатоци и полни со корисни хранливи материи, па овозможуваат брзо и лесно поминување низ дигестивниот систем без задржување.
  • Леќа – Позната е од античко време и содржи „суперпротеини“ кои го задоволуваат гладот. Лесно се комбинира во разни јадења.
  • Овес – Претставува непроцесирана храна која го одржува нормално нивото на шеќер во крвта и придонесува за намалување на лошиот холестерол.
  • Авокадо – Брилијантен избор на здрави масти и богатство од калиум, а познато како нештетен извор на енергија во организмот.
  • Банани – Исто како авокадото, бананите се богато паковање со калиум. Лесни за јадење, корисни за здравјето на срцето и без никакви заситени масти. Колку се помеки и позрели, толку е повисока количината на шеќер, тој факт треба да го имате во предвид.
  • Грејпфрут – Нискокалоричен и со висока содржина на растителни влакна, грејпфрутот може да го стимулира метаболизмот во текот на цел ден. Исто така, заштитува од болести и го подобрува имуниот систем, па не го пропуштајте!

Се надеваме овој текст ви се допадна, а во скора иднина ви најавуваме уште многу други посветени на намалувањето на телесната тежина, како еден од проблемите на денешницата. Во меѓувреме ви препорачуваме да прочитате: Витки на здрав начин: 5 овошја кои го помагаат слабеењето.

Сподели: