шеќер

10 необични начини употребите шеќер

Белиот шеќер треба да се избегнува во исхраната, но добро е секогаш да имате една тегла при рака. Шеќерот може да го користите за да направите пилинг за тело, стапица за муви и оси, да отстраните дамки итн. Ви ги откриваме добрите страни на шеќерот и 10 невообичаени начини како да го употребите.

шеќер

  1. Ги одржува цвеќињата свежи. За да бидат вашите цвеќиња во вазна подолго време свежи, во водата додадете 3 лажици шеќер и 30 милилитри алкохолна киселина. Шеќерот е добар за стеблото, а киселината може да го сопре растот на бактерии.
  2. Отстранува дамки од облеката. Шеќерот може да ви помогне да ги отстраните дамките на облеката. Доколку не сакате да користите различни детергенти за белеење (кои можат да ја уништат ткаенината), доволно е само да направите паста од шеќер и вода. Нанесете ја врз дамката и оставете да стои еден час. Потоа исперете ја облеката како и обично и ќе бидете многу изненадени.
  3. Помага при лута храна. Сакате лута храна, но понекогаш чувствувате дека вашата уста гори? Во таа ситуација, ставете една лажичка шеќер во устата.
  4. Ја намалува болката при изгореници. Сте пиеле врел чај и сте си го изгореле јазикот? Посипете малку шеќер на болното место и болката би требало одма да престане.
  5. Помага при појава на бубачки во домот. Доколку во вашиот дом се појавиле бубачки, измешајте прашок за печиво и 2 лажици шеќер. Од оваа смеса ставете на оние места каде што се сомневате дека има бубачки. По потреба, ставете повторно и потоа исчистете.
  6. Направете стапица за муви и оси од шеќер. Во сад на оган ставете два дела шеќер и еден дел вода и сварете сируп. Откако ќе се излади, истурете го сирупот во голема стаклена тегла и оставете ја надвор или на прозорецот.
  7. Ја продложува трајноста на карминот. Знаете ли дека шеќерот може да ви помогне карминот да ви трае подолго на усните. Посипете шеќер на усните (по нанесување на кармин), почекајте неколку секундни, а потоа излижете ги усните.
  8. Ги негува усните. Шеќерот може да го користите и за нега на усните. Промешајте еднакви количини на маслиново масло и шеќер се додека не добиете паста. Нанесете ја на усните и оставете да делува 30 секунди. Потоа избришете ги усните со влажна крпа.
  9. Ги отстранува нечистотиите и мирисите. Доколку дома мелите кафе, шеќерот може да ви помогне да ја исчистите мелницата за кафе. Во мелницата ставете шеќер и мелете. Тој ќе ги собере сите нечистотии и мириси.
  10. Ја негува кожата. Од шеќер можете да направите одличен пилинг за цело тело. Доволно е да го измешате со маслиново масло, а доколку сакате убаво да мириса додадете му неколку капки етерично масло по ваш избор. Овај пилинг ефикасно ги отстранува мртвите клетки од кожата и ја прави мека и убава.

Сподели: