алуминиумска фолија 1

10 практични трикови со алуминиумска фолија

Алуминиумската фолија е неизоставен дел од секоја кујна. А дали знаете дека може да употребите алуминиумска фолија на 10 невообичаени начини? Прочитајте ги и заштедете време и пари.

Омекнете го кафеавиот шеќер

Кафеавиот шеќер е поздрав во споредба со белиот, затоа што содржината на витамини и минерали е поголема. Карактеристично за кафеавиот шеќер е тоа што се згрутчува. За да го омекнете, парчињата кафеав шеќер замотајте ги во алуминиумска фолија и ставете ги 5 минути во загреана рерна на 180 степени. Шеќерот ќе се врати во првобитната состојба, а потоа можете да го користите за засладување на кафето или може да ги направите омилените колачи.

Одржете ја свежината на храната

Ако сакате лебот, штрудлата и другите колачи да ви останат свежи до доаѓањето на гостите, после печењето замотајте ги со алуминиумска фолија.

Направете печено сочно месо

За да направите сочно месо, врз тавата за печење ставете алуминиумска фолија. Исто така може да направете импровизиран капак за вашето тенџере, така што ќе ставите фолија врз него и ќе притиснете по должината на рабовите.

Вратете го сјајот на сребрениот прибор

Ако вашиот сребрен прибор го изгубил сјајот, алуминиумската фолија ќе ви помогне да го вратите во првобитната состојба. Во тенџере на дното ставете алуминиумска фолија, а потоа додадете 2 лажици сол и вода. Сребрениот прибор ставете го во тенџерето и почекајте 3 минути. Приборот извадете го од водата, оставете да се исуши, а потоа исполирајте го со памучна крпа.

Исчистете ги загорените тави и тенџериња

Ако остававте без челична жица, а имате дамки на тенџерињата, направете топка од алуминиумска фолија. Со неа изрибајте ги загорените шерпи, тави и решетките од скарата.

алуминиумска фолија

Олеснете го пеглањето

Под покривката на даската за пеглање ставете алуминиумска фолија. Моќта на апсорбирање на топлината на покривката ќе биде многу поголема, а со тоа ќе заштедите драгоцено време.

Исчистете ја пеглата

Пеглата треба редовно да се чисти, за да не се соберат тврдокорни дамки и нечистотија, кои можат да ја извалкаат облеката. За да ја исчистите пеглата ставете сол во алуминиумска фолија, а потоа превиткајте ја како пакетче. Со загреаната пегла поминете врз фолијата, а солта поради својата текстура ќе ја отстрани нечистотијата.

Наострете ги ножиците

Од алуминиумската фолија исечете неколку ленти и превиткате ги. Потоа нив изрежете ги со ножиците. По неколку режења ножиците би требало да бидат наострени.

Заштитете ги растенијата

За да ги заштитите растенијата од инсекти, меѓу нив ставете парчиња алуминиумска фолија.

Исчистете го накитот

За да биде накитот како нов, дното на тенџерето прекријте го со фолија, ставете вода и додадете детергент за перење алишта. Во тенџерето ставете го накитот и оставете да го да стои 5 минути. Потоа исплакнете го и исушете го.

Сподели: