оригано 1

10 причини за да користите оригано во исхраната

Дали знаете дека вашиот омилен зачин за пица има голем број на придобивки за здравјето? Познато по своите антиоксиданси карактеристики, силен и пријатен мирис, ароматичното оригано многу одамна се користело во исхраната на луѓето.

Ориганото води потекло од топлите западни и југозападни делови на Евроазија и Медитеранот. Иако е едно од најчесто користените зачински растенија денес во светот, сепак најмногу се користи во Италијанската кујна.

Многумина сметаат дека ориганото е зачин кој е похранлив дури и од боровинките, портокалите или јаболката. Ориганото содржи бројни минерали како што се бакар, ниацин и бета каротин, како и други хранливи материи.

оригано

Следните 10 причини сигурно ќе ве поттикнат почесто да го користите ориганото во вашата исхрана.

  1. Поседува силни антибактериски и антивирусни својства.
  2. Го зајакнува имунолошкиот систем.
  3. Го подобрува здравјето на дишните органи.
  4. Масло од оригано може да се употребува локално, за лекување на кожни инфекции како што е појавата на чешање на кожата и иритирање на непцата (но при користење на маслото од оригано внимавајте да биде разблажено).
  5. Ориганото во изобилство содржи тимол и карвакрол, кои помагаат во смирувањето на вознемирен стомак и го подобруваат варењето на храната. Доколку имате проблеми со варењето на храната, помешајте 2-3 капки масло од оригано во чаша сок, млеко или вода и напијте се.
  6. Маслото од оригано е корисно при лекување на синуси. Во чаша сок или вода, додајте 2-3 капки масло и консумирајте еднаш дневно. Подобрување може да забележите по 3 до 5 дена.
  7. Ориганото поседува антиоксидативни својства. Одредени студии покажале дека антиоксидативните својства на ориганото се подобри од оние на јаболката и боровинките. Антиоксидансите играат значителна улога во превенцијата на многу форми на рак и го забавуваат процесот на стареење.
  8. Ориганото е богато со растителни влакна.
  9. Ориганото помага за засилување на потењето при покачена температура.
  10. Кога ориганото се користи во форма на топла инфузија, ги ублажува мускулните грчеви и болки, како и болки или грчеви во стомакот.

Уживајте во вкусот на вашата омилена пица и искористете ги придобивките од ориганото!

Сподели: