10 причини за повеќе да вклучите моркови во вашата исхрана 1

10 причини за повеќе да вклучите моркови во вашата исхрана

Можеби и не ги сакавте баш најмногу кога бевте мали, но здравите моркови се навистина вкусен додаток на многу јадења. Тие поволно делуваат на целокупното здравје, а особено на очите, кожата, дигестивниот систем и забите.

Ако ни овие причини не ви се доволни за повеќе да го вклучите овој крцкав зеленчук во вашата исхрана, тогаш погледнете ги уште овие десет и сигурни сме дека ќе го промените вашето мислење.

10 причини за повеќе да вклучите моркови во вашата исхрана 2

Морковите изобилуваат со бета каротен

Морковите се голем извор на бета каротен, моќен антиоксиданс кој во организмот може да се претвори во витамин А. Овој витамин ја одржува кожата здрава.

Позитивно делува на дигестивниот систем

Морковите ја зголемуваат количината на плунка и го снабдуваат организмот со основните минерали, витамини и ензими кои ја помагаат дигестијата на храната. Редовното консумирање на моркови може да го спречи развојот на чиреви во желудникот и други дигестивни проблеми.

Богати се со алкални елемнети

Овај портокалов зеленчук е богат со алкални елементи кои ја прочистуваат и ревитализираат крвта.

Претставуваат извор на калиум

Ако кај овошјето, бананите се најбогат извор на калиум, кај зеленчукот тоа се морковите. Калиумот помага во одржување на здраво ниво на натриум во организмот кој овозможува да се намали покаченото ниво на крвен притисок.

Го чуваат здравјето на забите

Морковите ги елиминираат штетните бактерии од усната празнина и го спречуваат крварењето од непцата.

Помагаат во заздравување на раните

Суровите рендани моркови може да помогнат во лечењето на рани, исеченици и изгоретини.

Богати се со фитонутриенти

Меѓу многубројните корисни фитохемикалии кои ги содржат морковите е и фитонутриентот фалкаринол кој може да го намали ризикот од канцер на дебелото црево.

Изобилуваат со каротеноиди

Каротеноидите помагаат во регулацијата на нивото на шеќерот во крвта.

Богати се со растителни влакна

Морковите содржат високо ниво на растворливи влакна кои можат да го намалат нивото на лошиот холестерол и да го зголемат нивото на добриот холестерол. Со самото тоа, тие го намалуваат ризикот од создавање на наслаги во крвните садови и срцеви заболувања.

Добри се за здравјето на очите, косата и ноктите

Хранливите материи со кои изобилуваат морковите може да го подобрат здравјето на очите, ноктите и кожата. Покрај тоа, тие помагаат и за детоксикација на организмот и за создавање на нови ќелии.

Ви препорачуваме да прочитате: 3 значајни причини зошто да пиете свеж сок од моркови.

Сподели: