Боровники

11 здравствени причини да консумирате боровинки

Позната е изреката дека отровот се чува во мали шишенца, но во нив се чува и лек. Ова е посебно точно кога се работи за боровинки, бидејќи ова мало овошје ја помага работата на мозокот, ја омекнува сувата кожа, а исто така го спречува развојот на канцерогени клетки. Еве уште неколку причини зошто почесто треба да се препуштите на задоволството од боровинките.

Стимулација на мозокот

Ужината од свежи боровинки може да ви помогне вашиот мозок да работи подобро, како и да размислувате брзо и креативно, а една студија покажала дека боровинките го успоруваат ефектот на „стареење“ на меморијата.

Здрав имун систем

Боровинките во себе содржат најмногу антиоксиданси од сите свежи овошја кои досега се тестирани. Антиоксидансите му помагаат на имуниот систем така што ги неутрализираат  слободните радикали кои што влегуваат во телото преку пестицидите или димот.

Здрава кожа

Ако направите маска од две лажици боровинки, две шолји кафеав шеќер и три лажички сок од лимон, вашето лице ќе „живне“ затоа што шеќерот ќе ги отстрани сувите делови од кожата, лимонот на кожата ќе и даде сјај, а антиоксидансите од боровинките ќе се погрижат за нејзината мекост.

Добар вид

Две порции боровинки на ден го намалуваат ризикот од губење на видот во текот на стареењето дури за 38%.

Боровинки

Здраво срце

Пет или повеќе порции боровинки неделно, го намалуваат ризикот од срцев удар, посебно кај жените. Боровинките содржат висока доза на компоненти кои им помагаат на артериите во дилатација.

Низок шеќер

Боровинките имаат низок гликемиски индекс, заради што имаат позитивен ефект врз регулацијата на шеќерот во крвта, особено кај лица кои веќе имаат дијабетес. Конзумирањето на пет порции боровинки секој ден, овозможува значително подобрување по два месеци.

Превентива против рак

Антоцијанот, кој на боровинките им дава темна боја, ги напаѓа канцерогените клетки, исто така влијае и врз намалувањето на интезитетот на раст на веќе постоечкиот тумор. Доволно е секој ден  да јадете парче пита со боровинки или пола шолја  од ова бобичасто овошје.

Помош за  мочниот меур

Боровинките, како и брусниците  содржат компонента која помага ѕидот на мочниот меур да се бори против бактерии и инфекции на уринарниот тракт.

Намалување на маснотиите околу стомакот

Полифенолите кои се наоѓаат  во боровинките влијаат врз разбивањето на мастите во клетките кои се таложат на стомакот. Ова овошје содржи многу малку калории, па затоа може да биде  одлична закуска доколку сакате да намалите телесна тежина.

Помош при запек (опстипација)

Една порција боровинки содржи  4 грама влакна, што е околу 14% од препорачаната дневна доза. Боровинките помагаат во  хидратацијата на цревниот тракт, што е многу важно за неговото нормално функционирање.

Здрави коски

Боровинките содржат големо количество на манган, кој игра важна улога  во развојот на коските. Ако вашето дете сака боровинки, нека  јаде кога и колку сака, бидејќи така ќе развие значително  поцврста коскена маса од своите врсници.

Ви предлагаме да прочитате: Здрав неварен џем од капинки и боровинки.

Сподели: